Туторијал со кој ќе изгледате како да ве шминкал професионалец, според шминкерка од Њујорк (видео)
За да изгледате привлечно и како да ве шминкал професионалец не ви требаат премногу продукти. Според шминкерка од Њујорк, можете да постигнете совршен изглед само со неколку клучни производи.
Џенифер Бел е шминкерка од Њујорк која на социјалните мрежи секогаш споделува трикови за шминкање што може да ви помогнат да изгледате како да сте биле кај професионалец.
Таа сподели кратко видео во кое покажа кои 3 златни правила треба да ги следите кога се шминкате за вечерни излегувања, за да изгледате привлечно и атрактивно.
Ефект на рок ѕвезда
Според Џенифер, очите може да ви бидат повпечатливи доколку внатрешниот дел го исцртате со црно моливче, а потоа со четка и со бронзер малку го замачкате делот под окото.
„Дури и ако имате мали очи, овој трик може да изгледа привлечно. Нема да ви ги направи очите помали, само ќе ви даде позаводлив поглед“ – вели таа.
Ефект на полумесечина
За да нанесете бронзер или руменило, треба да го следите правилото на полумесечина. Со четка за руменило, се нанесува руменило во форма на полумесечина од образите, до челото.
Потоа со хајлајтер се нагласува центарот на полумесечината од челото до коската на образот.
Ефект на срце
Со моливче за усни се црта срце на средината на усните. Ако ги соберете усните ќе забележите точно каде треба да се најде срцето. И, за крај, изгледот на усните можете да го финиширате со сјај за усни.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело