Прирачник за девојки: Како да се ишишате според формата на лицето?

Колку пати ни се има случено да се вљубиме во некоја фризура но тотално да се разочараме кога ќе видиме како ни стои? Тажната вистина е дека не секоја фризура им одговара на сите форми на лица.

priracnik-za-devojki-kako-da-se-isisate-spored-formata-na-liceto-01.jpg

За да не се враќате повеќе тажни од фризер, ние ви помогнавме да ја најдете идеалната фризура според формата на лице.

Округло лице

Фризурата која највеќе му прилега на округлото лице е долга и степенесто ишишана. Идеалната должина за вашата коса би почнувала минимум десетина сантиметри под брадата. Косата која е долга и на степени супер му прилега на округлото лице бидејќи прави да делува потенко. Внимавајте степените да не бидат прекратки бидејќи тие му додаваат волумен на лицето и ја потенцираат кружната форма. За драматичен изглед изберете долги шишки кои ќе ги носите на страна.


Правоаголно лице

Долгата рамна коса не им прилега на девојките со долго лице и затоа најдобро би било да му додадете ширина на лицето со шишање на шишки. Шишките им прилегаат на скоро сите форми на лице но особено убаво им стојат на девојките со правоаголни лица. Идеална фризура е боб со должина до брадата. Ако никако не може да се наканите да ја скратите долгата коса, експериментирајте со фигарото - локните ќе помогнат вашето лице да делува пошироко.


Срцевидно лице

Вистинскиот избор за вас се долгите шишки кои се носат на страна. Девојките кои имаат лице во форма на срце вообичаено имаат големи чела па шишките се вистинско решение бидејќи визуелно го намалуваат челото а ги истакнуваат во прв план вашите преубави очи. Договорете се со фризерката да не ви ги скрати премногу шишките бидејќи ќе го добиете спротивниот ефект.

priracnik-za-devojki-kako-da-se-isisate-spored-formata-na-liceto-1.jpg

Коцкесто лице

Ако имате ваква форма на лице, сметајте се за вистинска среќничка - девојките со коцкесто лице се сметаат за најфотогенични. Вам најубаво ви прилега долга рамна коса. Оваа фризура помага да се ублажи острината на вилицата. Добар избор за фризура е долгиот боб, како и фризурите кои позади се пократки а напред се подолги, само внимавајте прамените околу лицето да не делуваат премногу остро.


Овално лице

Овие лица изгледаат прекрасно со секоја фризура, без страв можете да се одлучите и за кратката пикси фризура. Вам се ви стои и затоа немојте да се плашите да експериментирате. Без разлика дали ќе решите за боб фризура или за долга коса, знајте дека нема да згрешите. Вие можете секој ден да ја менувате фризурата и секој пат ќе изгледате прекрасно, едноставно на вашата форма на лице се и стои.

priracnik-za-devojki-kako-da-se-isisate-spored-formata-na-liceto-2.jpg

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg