6 начини како да ја носите боб фризурата оваа пролет

Боб фризурата дефинитивно стана еден од најпопуларните избори на жените. Во последните неколку сезони настанаа повеќе варијации, од долг боб, па сè до нерамен боб со шпицови.

6-nacini-kako-da-ja-nosite-bob-frizurata-ovaa-prolet-001.jpg

Ако веќе имате боб фризура или планиравте да се освежите пред доаѓањето на пролетта, ви предлагаме да ги пробате овие 6 пролетни трендови за стилизирање на косата:

1. Текстура

Ако сакате благо неуреден изглед, направете благи бранови во косата. Истапирајте дел од нив и косата префрлете ја на страна.

6-nacini-kako-da-ja-nosite-bob-frizurata-ovaa-prolet-01.jpg


2. Плетенка како детаљ

Аксесоарите за коса веќе одамна не се модерни, но затоа плетенките се водечки тренд секоја сезона. Доволно е да исплетете еден прамен и да го прицврстите со шнола.

6-nacini-kako-da-ja-nosite-bob-frizurata-ovaa-prolet-02.jpg


3. Испеглана, рамна и уредна

За сите дами кои имаат елегантен и деловен стил, ова е идеален секојдневен избор. Исфенираната и испеглана боб фризура никогаш нема да излезе од мода.

6-nacini-kako-da-ja-nosite-bob-frizurata-ovaa-prolet-03.jpg


4. Длабок патец

Тајната на длабокиот патец веќе одамна ја открија и најголемите ѕвезди, па зошто не би ја испробале и вие? Едноставно променете го стандардниот патец и ќе добиете волумен и многу погламурозен изглед.

6-nacini-kako-da-ja-nosite-bob-frizurata-ovaa-prolet-04.jpg


5. Шишки

Шишките може да бидат одличен начин да ја освежите фризурата, а должината да остане недопрена.

6-nacini-kako-da-ja-nosite-bob-frizurata-ovaa-prolet-05.jpg


6. Полуфатена

Косата можете да ја скротите така што горниот слој ќе го потфатите во мала пунџа на темето или на средината од главата. Оригинален изглед и тренд кој започнува оваа сезона.

6-nacini-kako-da-ja-nosite-bob-frizurata-ovaa-prolet-06.jpg

Би можело да ве интересира:

5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg