Жена за пример: 7 лекции кои може да ги научите од Џулија Робертс

Џулија Робертс веќе со години практикува храбри трикови поврзани со убавината и благодарение на нив, таа секогаш изгледа беспрекорно, но и природно.

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-1

Препознатлива по својата раскошна насмевка и главните улоги во романтичните комедии, оваа 47-годишна актерка и денес важи за една од најубавите славни жени.

Џулија е жена за пример, а овие нејзини 7 лекции секоја дама треба да ги знае:

1. Комфорот и модата можат да одат заедно

Можно е истовремено да изгледате модерно и да се чувствувате удобно, а тоа до сега многу пати го покажала Џулија. За неа е најважно гардеробата да биде комфорна, а стил воопшто не и недостига. Во фармерки или во одело со машки крој, секоја дама може да изгледа шик.

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-2



2. Не плашете се од природниот изглед, дури и кога е во прашање косата

Уште од најпознатиот филм „Pretty woman”, Џулија стана препознатлива по својата долга, кадрава коса. Таа е таква каква што е и не се грижи премногу за модните трендови кои владеат во моментот.

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-3



3. Експериментирањето е во ред

Иако сака природен изглед, Џулија е една од оние дами, кои обожаваат да експериментираат. Особено таа обожава да си игра со боите на косата, па имавме можност да ја видиме како русокоса, црвенокоса, но и како бринета.

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-4



4. Винтиџ стилот е секогаш ин

Во 2001 година Џулија не само што го доби оскарот за филмот „Ерин Брокович”, туку и изненади со незаборавната црно-бела комбинација на фустанот од Валентино.

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-5



5. Секогаш со кармин

Оваа холивудска дама ретко прави грешки кога во прашање е шминката. Секогаш ги истакнува своите усни со разни нијанси на кармини, а познато е дека нејзиниот заштитен знак е токму насмевката.

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-7



6. Верна на својот стил

Без разлика на модните трендови, таа секогаш е верна на својот стил и никогаш не дозволува модните трендови да и влијаат до тој степен за да се изгуби во нив.

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-9



7. Старејте достоинствено

Настрана од пластичните операции, оваа ѕвезда пронашла нов начин да го одржи својот младешки изглед. Таа вели дека редовно практикува јога и дека е среќна и додава: „Никогаш не ги сфаќам премногу сериозно работите и токму тука лежи леснотијата во мојот живот”. 

zena-za-primer-7-lekcii-koi-moze-da-se-naucat-od-djulija-roberts-8

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg