Неочекувано: Мажите го открија најзаводливиот дел од женското тело
Последните спроведени истражувања докажаа дека кога се работи за женската привлечност, и двата пола делат многу слични мислења.
Општо познато е дека за вкусовите не се зборува, но последните истражувања покажаа дека цели 82% од мажите за најнеодолив дел од женската појава ја сметаат фризурата.
Иако не постои маж кој може да одолее на бујното деколте, совршените нозе и прекрасната насмевка, зачудувачки е што огромен процент од мажите ја одбраа токму косата како пресуден фактор на женската заводливост.
- 74% од мажите се привлечени само заради косата на жената.
- 44% од мажите прво што забележуваат на жената е косата и тоа пред нозете, облеката и шминката.
- 82% од мажите сметаат дека секси фризурата е клучен елемент за женската заводливост.
- 60% од мажите признале дека попрво ќе излезат со жена која има убава коса, отколку со онаа која има бујно деколте.
- 78% од мажите признале дека сјајната, здравата и косата која прекрасно мириса ги возбудува многу повеќе од било што друго.
Затоа девојки, посетете фризер што поскоро и грижете се за тоа каква фризура имате, наместо колку кожа да откриете.