Брзо, утринско бричење: Како да ги ублажите непријатните последици?

Во главно сте внимателни, но понекогаш се тргнува наопаку. Затоа што брзавте, премногу силно го притиснавте бричот или заборавивте да ставите поголема количина пена.

brzo-utrinsko-bricenje-kako-da-gi-ublazite-neprijatnite-posledici-01.jpg

Без оглед која е причината, сигурно завршивте со исекотини кои не знаете како да ги ублажите.

Оваа појава може да биде непријатна, но за секоја незгода има решение.

Запрете го крварењето

Пред да започнете со процесот добро измијте ги рацете со вода и сапун.

Веднаш ставете малку лед или студена вода на раната, како би го сопреле крварењето и забрзале зараснувањето. Студенилото ги затвора крвните садови и ја згуснува крвта.

Потоа ставете мало парче хартија или марамче и благо притиснете. Просечната исекотина на овој начин ќе се смири за околу 2 минути.

Зараснување на исекотината

Во поединечни ситуации исекотините можат да се инфицираат или да останат како лузни.

Затоа, на самиот почеток на зараснувањето се препорачува да користите антибиотски гел за локална употреба. Тие го спречуваат настанувањето на инфекции и бактерии.

Додатни совети:

- На лосионот по бричење, како и за бричење, заборавете додека раните не заздрават во целост.

- Употребувајте хидратантни креми со алое вера за да го спречите лупењето на раната.

- Секој пат по бричењето измијте се со благ бебешки сапун и топла вода, затоа што свежо избричената кожа е неверојатно подложна на инфекции.

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
5 трикови за шминка и убавина кои ќе ви заштедат време (и пари) Понекогаш шминкањето одзема многу време, а и сите производите не се евтини. Но, ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg