Нови производи на Еуцерин за хиперчувствителна кожа

Новиот Eucerin® за хиперсензитивна кожа ефикасно и моментално ја регулира чувствителноста директно од самиот извор

novi-proizvodi-na-eucerin-za-hipercuvstvitelna-koza-1.jpg

Новиот Eucerin® за хиперчувствителна кожа ја смирува изиритиранaта кожа дирекно од изворот на хипeрактивноста. Таа е достапна во две линии: Ултрасензитив и Против црвенило.

Двете иновативни и чисти формули содржат SymSitive, активна состојка која е специјално креирана за хиперчувствителната кожа. Резултатот е: кожата веднаш се ослободува и смирува од симптомите на хиперчувствителност како што е јадежот и вжареноста, давајќи и долготрајна заштита против бурните реакции.

Оние кои се соочуваат со јадеж, вжареност и црвенило на кожата, добро го знаат непријатното чувство предизвикано од хиперчувствителната кожа. Епидемиолошките студии известуваат дека бројот на пациентите кои се изјасниле дека страдаат од хиперсензитивна кожа станува се поголем. Овој број е во постојан подем. “Иако голем број на луѓе веќе страдаат од хиперсензитивна кожа, постои тенденција оваа бројка да се зголемува. Причините за ова се обично аеро-загаденоста и алергиските реакции“, вели др. Гита Нојфанг, која го води  истражувачкиот тим на Eucerin во рамките на Beiersdorf.

Општо земено, ослабената кожна бариера и зголемената чувствителност е карактеристична за хиперчувствителната кожа. И двете состојби заеднички се надополнуваат и ги засилуваат непријатностите: тие ја прават кожата уште поподложна на сензорски иритации и прават нервите на површинскиот слој да бидат буквлано хиперчувствителни. Резултатот е непријатно чувство на кожата која се вцрвенува и воспалува. Ова најмногу се должи на зголеменото ниво на стрес на преосетливата кожа предизвикан од внатрешни и надворешни дразби како што се наглите промени на климата, интензивните емоции, мириси или одредени производи за чистење.

"Сепак, преосетливата кожа не треба да биде товар - кога користиме соодветна козметика за нега на кожата симптомите може да се смират", објаснува д-р Гита Нојфанг. „Посебната, активна нега за кожата наменета за потребите на преосетлив тип на кожа може да резултира со зголемување на удобноста на кожата и намалување на црвенилото. Токму затоа ја развивме новата Eucerin® колекција за преосетлива кожа, која ги смирува бурните реакции во рамките на горниот слој на кожата директно од изворот", додаде таа.

novi-proizvodi-na-eucerin-za-hipercuvstvitelna-koza-2.jpg

Eucerin ултрасензитив, е совршен сојузник за оние кои страдаат од преосетлива кожа на лицето, со придружните симптоми како што се печење и воспаление. Производот ја содржи активната состојка SymSitive, која е специјално создадена за потребите на преосетливата кожа и има моќ веднаш да ја смири. Како резултат на тоа, иновативната и чиста формула ја зголемува чувствителноста и толеранцијата на кожата, обезбедувајќи и инстант и долготрајно ослободување од непријатното чувство на печење. Кога се користи редовно во текот на еден период, производот ја оптимизира самозаштитата на кожата, па дури и ја зајакнува кожата од нетолеранција и хиперчувствителнос.

Eucerin® AntiREDNESS е совршен избор за пациентите кои страдаат од преосетлива кожа и во исто време од црвенило, односно розацеа и couperose. "Како додаток на основната состојка SymSitive, Eucerin® AntiREDNESS го вклучува и Licochalcone А, активна компонента на Glycyrrhiza Inflata корен екстракт кој ефикасно го намалува црвенилото и го смирува воспалението", објаснува д-р Гита Нојфанг. Додека за оние кои не само што имаат потреба да се ослободат од непријатното чувство на кожата, туку сакаат да го покријат црвенилото на кожата постои Eucerin AntiREDNESS Concealing Day Care. Заедно со двете активни состојки, кремот содржи и зелени пигменти - за инстанто изедначување на тенот. Со цел да се минимизира стресот на преосетливата кожа и ризикот од нетолерантност, експертите на Баерсдорф создадоа ефикасна и чиста формула која е ослободена од парфеми, конзерванси, парабени, парафини и алкохол, а кај AntiREDNESS Concealing Day Care исто така од вештачки бои и емулгатори. "Со цел да се заштити формулата од загадување и оксидација, ние го користиме специјалното пакување кое не дозволува воздухот да навлезе. Таа се состои од безвоздушниот начин на користење, каде во пакувањето не влегува воздух, постои само-затворање, кое овозможува чиста и ефикасна грижа за преосетливата кожа", додаде таа.

Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg