Ослободете се од подраснатите влакненца после депилација

Нема ништо полошо од иритирана кожа после бричење или депилација, а појавата на подраснати влакненца е една од најлошите појави. Редовниот пилинг ќе ви помогне да се ослободите од благиот облик на внатрешни влакненца.

oslobodete-se-od-podrasnatite-vlaknenca-posle-depilacija-01

Се препорачува проблематичните делови да ги премачкувате со препарат на база на салицилна или гликолна киселина. За ублажување на црвенилото и отокот, добар избор е хидрокортизонската крема.

Доколку е видлив врвот на влакненцата, фатете ги со пинцета. Претходно дезинфицирајте го местото, но и пинцетата. Доволно е да ги пребришете со алкохол. Никако немојте со пинцетата да поткопувате под кожата за да не го зголемите дополнително проблемот.

За да го решите долготрајно овој проблем, најдобро е да внимавате на превенцијата.

Ако користите брич, обидете се да се бричете така што бричот ќе го повлечете низ влакната, наместо спротивно од нивниот раст. Освен тоа, немојте да ја затегнувате кожата за време на бричењето.

Проблематичните делови редовно мачкајте ги со крем или лосион кој содржи салицилна киселина.

oslobodete-se-od-podrasnatite-vlaknenca-posle-depilacija-2

Би можело да ве интересира:

Грешки во рутината за убавина што ги правиме сите (а се штетни за кожата) Комбинирате AHA и BHA киселини со ниацинамид и правите пилинг секој ден - на кои...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg