Грешки во рутината за убавина што ги правиме сите (а се штетни за кожата)
Комбинирате AHA и BHA киселини со ниацинамид и правите пилинг секој ден - на кои други грешки треба да обрнете внимание?
Со многуте продукти што ни се достапни, рутината за убавина на сите ни станува малку покомплицирана.
Поради ова, склони сме и кон повеќе грешки, како погрешно комбинирање продукти.
Во продолжение, дел од најчестите грешки кои можат да бидат и штетни:
Ја размачкувате пудрата како крем
Без разлика дали користите прсти, четка или сунѓерче, пудрата не треба да ја размачкате на лицето како крем.
На овој начин нема да ја нанесете рамномерно.
Пудрата ќе изгледа многу подобро ако ја нанесувате со тапкање.
Нанесувате масло на сува кожа
За најдобар ефект, препорачливо е да го нанесувате маслото за тело веднаш по туширање, додека кожата е уште малку влажна.
На овој начин маслото подобро ќе ја хидрира кожата.
Ако користите и лосион, тогаш веднаш по туширање прво нанесете го лосионот, а потоа маслото.
Не ја подготвувате кожата за шминка
Ни најскапата шминка нема да изгледа добро ако не ја подготвите кожата.
Најпрво, важно е лицето да ви биде чисто. Во спротивно, со шминката ќе ги заробите нечистотиите и најверојатно ќе ви се појават акни и мозолчиња.
Исто така, да почнете со шминкање, препорачливо е да нанесете прајмер кој ќе ја измазни кожата и ќе направи шминката да изгледа многу подобро.
Мешате AHA и BHA киселини со ниацинамид
Ниацинамидот е вид витамин Б3 кој ја хидрира кожата, го намалува црвенилото и ја подобрува еластичноста на кожата.
AHA и BHA киселините, пак, се користат за хемиски пилинг на кожата.
Во ред е да користите и киселини, и ниацинамид, но немојте да ги нанесувате едноподруго.
Поради нивната pH вредност, ако се комбинираат, може да настане реакција која ќе ви ја иритира кожата.
Најдобро е да ги користите киселините во еден период од денот, а ниацинамидот во друг.
Или, да чекате најмалку 30 минути помеѓу нанесувањата.