Грешки во рутината за убавина што ги правиме сите (а се штетни за кожата)

Не чекате продуктите да се впијат во кожата

Дури и кога користите продукти што можат да се комбинираат, важно е да им дадете време да се впијат во кожата.

Пред да го нанесете следниот продукт, почекајте неколку минути да се впие претходниот.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-site-a-se-shtetni-za-kozhata-06.JPG

Нанесувате масло на сува коса

За подобар ефект од маслото, препорачливо е да го нанесете додека косата ви е уште влажна.

Маслото ќе ја „зароби“ влагата и подобро ќе ја потхрани косата.

Секако, ако станува збор за масло кое треба да се измие, тогаш треба да го нанесете на сува коса, да го оставите да делува барем половина час, па да ја измиете косата.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-site-a-se-shtetni-za-kozhata-07.jpg

Веднаш го втривате шампонот за суво миење

На шампонот му се потребни неколку минути за да ги впие мастите и нечистотиите од косата.

Затоа, оставете го малку да делува, па потоа втријте го или издувајте го вишокот со фен за коса.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-site-a-se-shtetni-za-kozhata-08.JPG

Претерувате со пилинг на кожата

Пилингот е важен за кожата бидејќи темелно ја чисти.

Но, не е препорачливо да го правите секој ден бидејќи само ќе ја иритирате кожата.

Доволно е да правите пилинг два-трипати неделно.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-site-a-se-shtetni-za-kozhata-09.JPG

Премногу долго ја чувате глинената маска на лицето

Глинената маска може многу да ја исуши кожата ако ја оставите да делува предолго.

Најдобро е да ја измиете пред да се исуши целосно.

greshki-vo-rutinata-za-ubavina-shto-gi-pravime-site-a-se-shtetni-za-kozhata-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg