Каква шминка да нанесете, а каква не на првиот состанок

Времето полека си минува, а вие сѐ уште не знаете што да облечете, па дури претурате низ гардероберот помислувате на шминката...

kakva-sminka-treba-da-nanesete-a-kakva-ne-na-prviot-sostanok-1

Особено за првиот состанок, девојките навистина се судираат со проблем бидејќи не се сигурни каква шминка да нанесат, дали се претерано нашминкани, дали ги прикриле недостатоците правилно и слично.

Затоа погледнете каква шминка е најдобро да нанесете, а каква шминка треба со сигурност да избегнете:

Каде ќе одите на првиот состанок?

Ако станува збор за коктел забава тогаш зачадените очи се одличен избор или црвениот кармин, но ако одите во кафуле или некаде на пица тогаш помалку шминка е подобро. Не сакате да изгледате премногу нападно. Затоа, ако не го познавате локалот претходно распрашајте ги пријателите за нивно мислење и слично.

Никогаш не испробувајте нов изглед

Обично денот кога се подготвувате за првиот состанок знае да биде стресен и нервозен, бидејќи тоа е сепак прв состанок. Новиот изглед може да излезе катастрофално и да изгубите многу време и нерви за да на крајот немате доволно време ниту да ја поправите шминката. Ако веќе планирате нешто ново, таа шминка пробајте ја неколку дена претходно. Но препорачливо е првиот состанок да одите со истата вообичаена шминка.

kakva-sminka-treba-da-nanesete-a-kakva-ne-na-prviot-sostanok-2

Совети од пријателите

Барајте совети од пријателите во однос на шминката. Секој има свој вкус кога станува збор за изгледот, вам можеби ви се допаѓа како ви стои црвен кармин, но ако вашите пријатели велат дека не изгледа убаво тогаш не го нанесувајте. Прашајте ги со која сенка бои најдобро вашите очи се истакнуваат, какво руменило да ставите и слично. Тие ќе ви бидат од голема помош бидејќи досега сигурно ве виделе во илјадници комбинации.

Не верувајте во сѐ што ќе чуете за црвениот кармин

Постојат многу митови поврзани со црвениот кармин, а еден од нив е дека не треба да го нанесете на првиот состанок. Но, тоа и не е толку точно. Црвениот кармин ја носи титулата „секогаш секси” и тоа нека ви биде доволен знак и поттик за да го нанесете. Во комбинација со неутрална боја на сенка за очи ќе добиете неодолив изглед.

kakva-sminka-treba-da-nanesete-a-kakva-ne-na-prviot-sostanok-3

Самодоверба

Секогаш изберете шминка која ве прави да се чувствувате сигурни во себе, а не нешто што е во моментот модерно. Најважно од се е вие да се чувствувате удобно на првиот состанок и безгрижно да седите без да морате да одите во тоалетот на секои 5 минути за да ја поправите шминката.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg