6 совети за помалку болна бразилска депилација
Нема девојка која не е свесна за болката, но и за задоволството кое ја нуди оваа интимна депилација.
Ако и вие сте храбра девојка која „трпи за убавина,“ ќе ве израдуваме со неколку необични совети кои навистина може да го олеснат болното искуство.
Прескокнете го кафето
Кофеинот никогаш не е добар избор непосредно пред депилацијата, па затоа тој ден прескокнете го утринското кафе. Кофеинот ја прави кожата почувствителна, заради што овој процес може да биде натпросечно болен. Наместо кафе, испијте шолја чај од нане кое ќе ве смири.
Намачкајте се со млеко за тело
Потрудете се вашата кожа да биде нежна и мека, а не сува. Користете пилинг и млеко за тело со хранливи состојки за да ги избегнете бактериите.
Инвестирајте во препарати за нега на кожата
Кремите за тело се нешто во што треба да инвестирате. Затоа, заштедете и набавете крема која ќе ви ги отвори порите за да ја направи депилацијата помалку болна.
Земете аспирин
45 минути пред депилацијата задолжително напијте се еден аспирин. Ќе ги опуштите сите нервни завршетоци.
Облечете широка облека
Кога веќе ќе тргнете на овој третман, облечете широка облека. Задолжителна е памучна долна облека и по можност тренерки од чист памук.
Престанете со бричење
Најмалку 3 недели пред депилацијата избегнувајте го бричењето. Без потреба ја иритирате кожата, а и малечките влакна се потешки за отстранување.