Лесни трикови кои ќе ја нагласат убавината на дамите во години
Заборавете на црно моливче за очи, обликувајте ги веѓите и внимавајте каква пудра користите - лесни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате помладо.
Ако сакате да изгледате еленантно, средено и свежо на секоја возраст, мора да се грижите за својот изглед.
Но, освен рутините за нега на лице и кожа, мора да внимавате и на начинот на шминкање и средување.
За да не направите промашување, следете ги следните правила кои ќе ви ја нагласат убавината:
Користете помала количина на пудра
Немојте да мислите дека колку повеќе ставате, толку повеќе ќе ги покриете недостатоците. Напротив, тие ќе се истакнат уште повеќе, па држете се до минимална и природна количина на шминка.
Одберете ја вистинската нијанса на пудра
Ако го погрешите тонот на пудрата, може да направите кожата да ви изгледа неприродно, вештачки, па и да си додадете повеќе години – пример, посветла нијанса може да ги направи позабележливи брчките.
Заборавете на црно моливче за очи
Иако е класика, сепак како поминуваат годините, подобро е да го избегнувате – ги прави подочниците повидливи и очите изгледаат поуморно наместо свежо и нежно.
Не заборавајте да им дадете форма на веѓите
Иако многумина забораваат на нив, сепак веѓите играат клучна улога во изгледот, па немојте никако намерно да ги истенчувате и трудете се да им дадете нормална линија.
Доколку со годините влакненцата оретчуваат, консултирајте професионалец за најдобар начин да ги нагласите и да изгледаат природно.
Подгответе ја кожата пред да ја нашминкате
Никогаш немојте само да „шлапнете“ шминка на лицето, без претходно да го хидрирате со соодветна крема.
Дополнително, грижете се за кожата така што ќе користите козметика која ѝ дава свежина и здрав сјај.
Негувајте ја кожата на рацете
Вистина е дека рацете ги издаваат годините и реалноста е дека не можете да направите магија, но барем не дозволувајте да изгледаат суво и повеќе да ја нагласуваат згужваната кожа.
Користете хидратантни кремови или со состојки кои помагаат барем малку да ѝ дадат свежина и сјај на кожата, како на пример ретинол.
Исто така, бирајте посветли и неутрални бои на лак за нокти – темните тонови повеќе ќе ги нагласат брчките и испакнатите вени на рацете.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





