Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари)

Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас. Некогаш може и најевтината опција да биде идеална за вашата кожа.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-01.jpg

Со толку многу продукти за нега на кожа кои ни се достапни денес, нормално е да се чувствуваме малку изгубено.

Од секаде слушаме и совети за тоа што треба, а што не треба да правиме за да имаме совршена кожа.

Но, многу од овие совети се погрешни и поради нив трошиме и повеќе пари отколку што треба.

Митови за нега на кожа кои треба да ги заборавите:

Мит 1: Треба да користите крем со највисок заштитен фактор

Кремовите со фактор 50 обично се многу густи, па може да не се погоди за луѓе со помрсна и почувствителна кожа.

Исто така, тие се и поскапи.

Кожата ќе ви биде доволно заштитена и ако ставите крем со фактор 30.

Многу поважно е редовно да го нанесувате кремот, односно на секои два-три часа.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-02.jpg

Мит 2: Антибактерискиот сапун најдобро ја чисти кожата

Антибактерискиот сапун ги убива бактериите, но вклучително и оние кои ѝ се потребни на кожата.

Овие сапуни можат да бидат многу агресивни за редовна употреба, особено на лицето.

За вообичаено миење раце, нема потреба да користите антибактериски сапун, додека за лице подобро е да користите соодветно средство, без разлика дали пена, гел или нешто друго.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-3.jpg

Мит 3: Поскапите продукти се подобри

Само затоа што некој продукт е скап, не значи дека ќе биде добар за вас.

Сите имаме различна кожа и важно е да ги најдете продуктите кои се соодветни за вас, без да се фокусирате на тоа да се скапи.

Некогаш и најевтиниот продукт може да биде совршен за вас.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-04.jpg

Мит 4: Природните продукти за убавина се подобри

И во овој случај важи истото како и за претходниот мит – сè зависи од вашата кожа.

Исто така, важно е да знаете дека само затоа што на амбалажата пишува „природно“ или „органско“ не значи дека е идеално.

Секогаш внимателно читајте ги состојките и избирајте ги продуктите според тоа.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg