Козметичарка од Мелбурн прави нокти со луди 3Д дезени: „Некогаш ми одземаат и по 14 часа“ (фото)

Млада козметичарка од Мелбурн е препознатлива по лудите 3Д дезени на нокти, а вели дека за најкомплексниот ѝ требале дури 14 часа да го направи.

kozmeticharka-od-melburn-pravi-nokti-so-ludi-3d-dezeni-nekogash-mi-odzemaat-i-po-14-chasa-foto-01.jpg

Популарноста на вештачките нокти нема да се намали во блиска иднина, а козметичарите што ги изработуваат некогаш се и вистински уметници.

Сепак, потребен е талент за да се исцртаат дезените што ги сакаат нивните клиенти.

Козметичарка од Мелбурн оди и чекор понатаму – покрај „нормалните“, таа изработува и детални 3Д дезени кои се како минијатурни скулптури од акрил.

kozmeticharka-od-melburn-pravi-nokti-so-ludi-3d-dezeni-nekogash-mi-odzemaat-i-po-14-chasa-foto-07.JPG

27-годишната Лиса Ким почнала да прави нокти во 2022 година и набрзо сфатила дека ќе треба да понуди нешто уникатно ако сака да се пробие на пазарот.

Па, почнала да експериментира со 3Д дезени.

„Кога првпат почнав да правам нокти, сакав да станам позната по лудите дезени. И, работев многу за да стигнам дотука.

Не сакам да бидам позната по едноставни и монотони дезени, сакам да ги шокирам луѓето“.

kozmeticharka-od-melburn-pravi-nokti-so-ludi-3d-dezeni-nekogash-mi-odzemaat-i-po-14-chasa-foto-02.JPG

Бидејќи почнала да експериментира со дезените за време на локдаунот, вели, можела повеќе да се посвети на хобито кое сега ѝ е професија.

За ноктите наплаќа околу 150 евра, па и повеќе во зависност од дезенот, и потребни ѝ се околу два и пол часа.

Но, за комплексни дезени, треба да одвои и по 14 часа.

kozmeticharka-od-melburn-pravi-nokti-so-ludi-3d-dezeni-nekogash-mi-odzemaat-i-po-14-chasa-foto-03.JPG

Бидејќи дезените одземат многу време, Лиса во просек има само две клиентки неделно.

Таа држи и курсеви за правење нокти, а има и Инстаграм профил со речиси 80.000 следбеници.

kozmeticharka-od-melburn-pravi-nokti-so-ludi-3d-dezeni-nekogash-mi-odzemaat-i-po-14-chasa-foto-06.JPG

Дел од ноктите што ги направила Лиса:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg