8 работи што не треба да ги правите откако ќе ставите ботокс (барем неколку часа)
Пиење алкохол
Најдобро е да се воздржувате и од алкохол по третманот за ботокс бидејќи може да има влијание врз процесот на закрепнување.
Сепак, ботоксот вклучува инјектирање супстанца во организмот, па треба време телото да се адаптира.
Шминкање
По аплицирањето ботокс, на местото на инјектирање сепак има мала раничка, иако можеби не ја ни гледате.
Ако се шминкате, ризикувате да ја „загадите“ со бактерии.
Почекајте неколку часа пред да се шминкате, па и повеќе ако така ви препорачаат професионалците.
Правење третмани за лице
Пилинзи, маски, третмани за лице кај професионалци – избегнувајте го сето ова барем неколку часа по аплицирањето ботокс.
Изложување на сонце
Изложувањето на штетни УВ зраци веднаш по аплицирањето ботокс може да биде причина за појава на модринки на местото на инјекцијата.
Па, додека одите кон дома, скријте го лицето со шешир и не излегувајте барем неколку часа.
Спирова С. | Црнобело