8 работи што не треба да ги правите откако ќе ставите ботокс (барем неколку часа)
Избегнувајте да го допирате лицето и ноќта по процедурата, а немојте да спиете на стомак или на страна.
Ботоксот веќе е популарна процедура за подмладување и разубавување, но мора да имате предвид некои работи пред да го ставите.
Секогаш слушајте ги препораките на професионалците кои ви го аплицираат ботоксот со цел да го намалите ризикот од негова миграција, па и појава на модринки.
Исто така, избегнувајте да ги правите и следниве работи, барем неколку часа по процедурата:
Допирање или триење на лицето
Максимално избегнувајте да го допирате лицето по процедура со ботокс.
Околу половина час по инјектирањето, може да забележите испакнатини каде што бил вбризган ботоксот, но немојте да ги допирате.
Испакнатините се вообичаена појава и самите ќе се повлечат.
Исто така, избегнувајте да го триете или чешате лицето неколку часа по третманот.
Дремење или лежење
Избегнувајте да лежите веднаш откако ќе ви стават ботокс бидејќи ова може да има влијание врз неговото распоредување.
Иако според козметичарите шансите за ова се навистина минимални, сепак не ризикувајте.
Најдобро е да го закажете третманот порано во текот на денот, за да има повеќе време до вечер, кога ќе треба да спиете.
Спиење на стомак или на страна
Вечерта откако ќе ставите ботокс, најдобро е да спиете на грб.
Со ова ќе го избегнете дополнителниот притисок на лицето.
Вежбање
Воздржете се од вежбање на денот кога ќе ставите ботокс, а особено избегнувајте вежби кои вклучуваат наведнување, како јога, и вежби со тежина.
Вежбањето го зголемува дотокот на крв, па може да си го зголемите ризикот од отоци или модринки.
Консултирајте се со експертот што ви го аплицира ботоксот, но најдобро е да не вежбате околу 24 часа по третманот.