10 жени кои покажаа дека не им треба професионален шминкер за да се нашминкаат одлично (фото)
Со милионите мејкап туторијали на интернет и со малку умешност, ќе сфатите дека не секогаш ви треба професионален шминкер за да изгледате одлично.
Ако дома ги имате основните шминки (пудра, моливчиња за очи и усни, сјај и кармин, руменило и маскара), тогаш не ви треба професионален шминкер, дури ни кога треба да се нашминкате за на свадба или некоја важна прослава.
Доказ за тоа се и овие жени, кои на интернет објавија „пред и потоа“ фотки и фотографии на кои сами се нашминкале, па покажаа како си го смениле ликот со својата умешност.
А ако не сте од оние жени што имаат природен талент за шминкање, изгледајте неколку туторијали и ќе видите колку поинаку ќе ја нанесувате шминката.
„Со малку сјај и кафеаво моливче, изгледам како да имам дебели веѓи и полни усни“
„На 43 години ставам само малку пудра и со боичка и маскара ги нагласувам очите. Признајте, изгледам помладо и без помош од професионалец“
„Шминкерот никогаш нема да ми ја погоди шминката како што ќе си ја погодам јас самата“
„Решив да не одам кај шминкер пред свадбата на братучетка ми - заштедив пари, а добив куп комплимети и неколку прашања кој ме шминкал“
„Обожавам очите да ми се нагласени, па користам темни сенки и црно моливче. Но, тајната е во вештачките трепки, поради кои, откога научив да си ги ставам, изгледам како да ме шминка професионалец“
„Правевме едноставна свадба, а јас сакав шминка што нема да се забележува. Ако ме шминкаше професионалец, мислам дека ќе бев разочарана“
„Ретко си ги гледам роднините, но кога ќе се нашминкам вака за семејна прослава или свадба, веднаш ми се крева самодовербата“
„Решив сама да се шминкам за својата свадба и мислам дека не згрешив“
„Ќе бидам невеста за неколку недели, па си ја пробувам шминката - дали сум добра или да закажам професионално шминкање?“
„Виолетовата е најубава боја“
А. Ј. | Црнобело