6 секојдневни трикови со кои веднаш ќе изгледате подобро
Направете поинаква фризура, со мраз освежете ја кожата и уште неколку совети за брзо и едноставно да направите да изгледате (и се чувствувате) подобро.
Сите имаме лоши денови и не ни се допаѓа како изгледаме кога ќе се погледнеме во огледало.
Ова особено ни пречи ако треба да одиме на некој деловен или љубовен состанок, кога сакаме да оставиме добар впечаток.
Што да направите во тој случај за веднаш да изгледате (и за да се чувствувате) подобро?
Прочитајте ги овие 6 трикови, кои сигурно ќе ви бидат од помош:
Вистинска боја и нијанса на шминката
Кога се шминкате, важно е да изберете шминка во соодветна боја која, првенствено, ќе одговара на вашиот тен и ќе направи да блеснете.
Ако имате светла кожа, тогаш изберете потемен кармин (виолетов, бордо, темно кафеав) и светла сенка.
Доколку вашиот тен е темен, тогаш изберете светла боја на кармин, на пример розов, портокалов или светло кафеав, а очите нагласете ги со неколку слоеви маскара или потемна сенка.
Свежо лице и сјајна кожа
Ако лицето ви е потечено од спиење или неспиење, освежете ја кожата со мраз.
Едната опција е да поминете со коцка мраз директно на целото лице и најмногу да се задржите на пределот околу очите.
Втората е да наполните сад со студена вода, да ставите неколку коцки мраз и да го ставите лицето внатре - ова веднаш ќе ви ја затегне кожата и ќе ве освежи.
Повторете ја постапката 3 пати по 10-20 секунди, но избегнувајте ја ако сте настинати.
Хидрирајте ја кожата
Ако кожата ви е сува, тогаш изгледа збрчкано и непривлечно.
За таа да биде здрава, сјајна и да блеска, постојано хидрирајте ја, па излегувајте од дома со спреј со вода од роза, на пример, со кој можете да го испрскате лицето каде и да сте - тоа веднаш ќе ве освежи.
Средена коса со шампон за суво миење
Мрсната коса изгледа непривлечно и сплескано.
Па, ако сте заборавиле да ја измиете, пред излегување од дома испрскајте ја со сув шампон кој ќе ѝ даде волумен.
Користете модни додатоци
Дири и кога ќе изберете едноставни парчиња облека, како на пример фармерки со кошула, со неколку аксесоари можете да го смените изгледот на подобро.
Доволно е да изберете 1-2 парчиња кои ќе се вклопат во вашата модна комбинација и нема да изгледате обично, туку впечатливо.
Експериментирајте со фризурата
Ако косата ја носите поделена на патец, направете нешто поинакво - префрлете ја на страна, на пример.
Иако на прв поглед може да ви делува дека не е ваш стил, сепак, дајте ѝ шанса на новата фризура.
Малата промена на изгледот може да ви донесе голема самодоверба.
А. Ј. | Црнобело