Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не
Облека
Важно е да се облекуваме соодветно на возраста.
На пример, додека млада девојка може да изгледа одлично со кроп-топ маичка, истата облека веројатно нема да ѝ стои најдобро на жена која има 40 или повеќе години.
Кога станува збор за мода, важно е да се чувствувате пријатно во облеката што ја носите, но и да избирате парчиња што ги нагласуваат деловите од телото што ви се допаѓаат.
Исто така, само затоа што имате над 40, не значи дека во гардероберот треба да доминира црната боја.
Слободно експериментирајте со бои и дезени. Барем денес лесно можете да најдете впечатлива облека соодветна за секоја возраст.
Тенки веѓи
Тенките веѓи беа огромен хит во раните 2000-ти, но можат да направат да изгледате постаро.
Ако немате природно густи веѓи, можете да користите моливче или гел за веѓи и самите веднаш ќе забележите разлика.
Шминка
Ефектот што го има шминката е навистина интересен.
На пример, ако 20-годишна девојка се нашминка понападно, дефинитивно ќе изгледа постаро.
Но, доколку повозрасна жена стави повпечатлива шминка, може да се подмлади.
И во овој случај треба да експериментирате за да откриете што изгледа најдобро за вас.
Начин на зборување
Ако поголемиот дел од времето се жалите за денешната младина, озборувате и негодувате за што било модерно, другите ќе ве перципираат како многу постара личност.
Па, наместо само да се жалите, фокусирајте се на убавите работи од животот, дозволете си да бидете среќни, а ова дефинитивно ќе ве направи помлади во очите на другите.
Спирова С. | Црнобело