7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави

Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги израснете ноктите, а притоа да бидат убави и здрави?

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-01.jpg

Ноктите ја обликуваат дланката и ѝ даваат поубав изглед, особено кога се долги и здрави. Па, како да ги зацврстите и да ги израснете побрзо?

Прочитајте ги овие 7 совети кои може да ви помогнат:

Кокосово масло за потхранување

Кокосовото масло ги потхранува ноктите и може да го поттикне нивниот раст.

Истовремено, им обезбедува хидратација на ноктите така што создава заштитен слој кој ја задржува влагата на ноктот.

Експертите препорачуваат да го загреете малку кокосовото масло, а потоа да ги масирате ноктите и врвот на прстите со кружни движења.

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-08.jpg

Натопете ги ноктите во сок од портокал

Сокот од портокал е одличен извор на витамин Ц и фолна киселина, која ги штити и зајакнува вашите нокти, а им помага и да растат побрзо.

Витаминот Ц помага да се формира колаген, што резултира со поцврсти и поздрави нокти, додека фолната киселина го поттикнува создавањето на клетките и го забрзува процесот на раст на ноктите.

За најдобри ефекти, исцедете го сокот од еден портокал во мал сад. Потопете ги ноктите во сокот 10 минути.

Измијте ги рацете, па премачкајте ги со хидратантен крем.

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-05.jpg

Сок од лимон за белење

Исто како сокот од портокал, и лимоновиот сок е полн со витамин Ц и поттикнува создавање на колаген, што резултира со цврсти и здрави нокти.

Лимонот може да се искористи и за белење на ноктите и отстранување на жолтите дамки кои се формираат на самиот нокт.

Најпрактично е да капнете неколку капки сок од лимон врз памукче, па да поминете со него преку ноктот и убаво да го истриете. Не ги мијте ноктите, туку оставете да го впијат сокот од лимон.

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-02.jpg

Масажа со маслиново масло

Маслиновото масло има витамин Е, состојка која ја поттикнува циркулацијата на крвта, а како резултат на тоа може да го забрза растот на ноктите.

Се препорачува ноктите да ги масирате со маслиново масло пред спиење.

Загрејте малку масло и масирајте ги ноктите и кутикулите околу 5 минути.

Потоа ставете ги рацете во ракавици и извадете ги дури следниот ден кога ќе станете од спиење.

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-04.jpg

Редовно потсекувајте ги

Ако сакате ноктите да ви растат побрзо, треба да ги потсекувате редовно, но и да се грижите за нив.

Тие треба да се суви и чисти за под нив да се не собираат бактерии.

Откако ќе ги исечете, обликувајте ги со ножички или турпија, а потоа премачкајте ги рацете со хидратантен крем.

И, најважно од сè - не ги грицкајте.

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-03.jpg

Користете лак за зацврстување

Кога се меки, ноктите лесно се превиткуваат и кршат.

Затоа повремено (и не премногу често), треба да ги премачкувате со лак за зацврстување, кој ќе го спречи нивното кршење.

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-06.jpg

Храна со биотин (витамин Б7)

Освен што му помага на телото да ја трансформира храната во енергија, биотинот е добар за зацврстување на ноктите и косата.

Овој витамин го има во сардините, бананите, варените јајца, печурките, сојата, во карфиолот и во квасецот.

7-soveti-za-noktite-da-vi-rastat-pobrzo-i-da-bidat-zdravi-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg