Девојките масовно јадат сардини за почиста кожа – Колку е точно ова тврдење?

Според девојките на социјалните мрежи, тајната на здравата и блескава кожа се крие во конзервите со сардини. Нутриционист открива дали овој трик може да биде полезен и колку навистина сардините може да ви помогнат за да добиете блескава кожа.

devojkite-masovno-jadat-sardini-za-pochista-kozha-kolku-e-tochno-ova-tvrdenje-01.jpg

Во текот на летото, една девојка во своите ТикТок видеа тврдеше дека секое утро јадела сардини за блескава кожа и дека резултатите се видливи, по што голем број луѓе во коментари потенцираа дека и тие го прават истото и дека навистина функционира.

@ally.renee1

Replying to @H6LLY im telling u its the cheat code !! #sardines #highprotein #healthy #healthyliving #weightloss #clearskin

♬ original sound - ally

Нутриционистот Аманда Најберг во изјава за New York Post вели дека сардините му ги обезбедуваат витамините и минералите на телото што му се неопходни за здрава кожа.

„Во една порција сардини има големо количество омега 3 масти, 30–70 отсто од дневните потреби за витамин Д, околу 130 отсто од потребите за витамин Б12 и 70-90 отсто од дневните потреби за селен“ – вели таа.

devojkite-masovno-jadat-sardini-za-pochista-kozha-kolku-e-tochno-ova-tvrdenje-02_copy.jpg

Таа советува луѓето да консумираат храна богата со витамините A, E, Ц, Д, K и Б, како и со цинк, колаген и омега 3 масни кислеини.

devojkite-masovno-jadat-sardini-za-pochista-kozha-kolku-e-tochno-ova-tvrdenje-04.jpg

Но, она што го нагласуваат нутриционистите е дека многу веројатно кожата нема да се подобри со внесување само на една одредена состојка во исхраната и дека неразновидната исхрана може да предизвика дополнителни проблеми.

„Додавањето сардини може да помогне да се надополни недостатокот на одредени хранливи состојки што ви недостасуваат.

Но, за да ги добиете најдобрите резултати, треба да се сконцентрирате на вашиот начин на исхрана во целост. Постојат голем број производи што ги консумираме секојдневно, а ѝ штетат на кожата“ – појаснува Аманда.

Нутриционистката нагласува дека оние што не јадат сардини и риба истите ефекти може да ги постигнат со консумација на ореви, чиа семе или ленено семе, или пак со јајца, маслиново масло и авокадо.

devojkite-masovno-jadat-sardini-za-pochista-kozha-kolku-e-tochno-ova-tvrdenje-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg