Како да ја намалите појавата на брчки помеѓу градите?

Спиењето на грб е најдобриот начин да ја избегнете раната појава на брчки помеѓу градите. А, ако сте навикнати да спиете на стомак или на страна, следниве совети ќе ви бидат од корист.

kako-da-ja-namalite-pojavata-na-brchki-pomegju-gradite-01.jpg

Појавата на брчки е најнормален дел од стареењето.

Сепак, поради разни фактори, можат да почнат да ви се појавуваат брчки и на порана возраст.

Изложеноста на сонце без заштита, дехидратацијата, па дури и положбите во коишто спиете можат да имаат влијание врз раната појава на брчки.

Кај жените е нормално да почнат да се појавуваат и брчки помеѓу градите.

Но, можете да ја одложите нивната појава ако обрнете внимание на начинот на којшто спиете.

Совети со кои ќе ги избегнете брчките меѓу градите:

Ставете перници под рацете

Спиењето на грб е наједноставниот начин да ја избегнете појавата на брчки помеѓу градите.

Но, ако имате навика да спиете на страна или на стомак, ова може да ви биде тешко.

Затоа, кога ќе легнете на грб, ставете перници под рацете и ќе ви биде многу поудобно.

kako-da-ja-namalite-pojavata-na-brchki-pomegju-gradite-02.jpg

Ставете перница под колената

Спиењето на грб може да предизвика болки во нозете кај некои луѓе.

Во овој случај ќе ви помогне перница под колената. Истовремено, со ова 'рбетот ќе ви биде исправен, па може да се ослободите и од болките во грбот доколу ги имате.

kako-da-ja-namalite-pojavata-na-brchki-pomegju-gradite-03.jpg

Спијте на перница од мемори пена

Овие перници нудат одлична потпора на вратот и ќе ви го олеснат спиењето на грб.

kako-da-ja-namalite-pojavata-na-brchki-pomegju-gradite-04.jpg

Вложете во квалитетен душек

Минуваме околу третина од животот во спиење, што значи важно е да имаме квалитетен душек.

Покрај тоа што ќе ви го олесни спиењето на грб и ќе ја намали појавата на брчки, спиењето на квалитетен душек ќе ви помогне да се ослободите и од други проблеми, како болки во грбот.

kako-da-ja-namalite-pojavata-na-brchki-pomegju-gradite-05.jpg

Редовно нанесувајте лосион за тело

Лосионите за тело ја хидрираат кожата и со тоа ја намалуваат појавата на брчки.

Потрудете се секоја вечер да ставате хидратантен лосион во областа околу градите.

kako-da-ja-namalite-pojavata-na-brchki-pomegju-gradite-06.jpg

Избегнувајте тешки оброци навечер

Јадењето тешка храна пред спиење може да го наруши квалитетот на сонот.

Притоа, нездравата храна има влијание врз целото тело, вклучувајќи ја и еластичноста на кожата.

kako-da-ja-namalite-pojavata-na-brchki-pomegju-gradite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg