Миа Костова ги осуди девојките што прават пластични операции за да имаат ‘машка’ вилица: „Знаете дека сте многу грди вака?“

„Знаете дека сте многу грди вака? Кај идете со ова брадуле…“, вели македонската инфлуенсерка Миа Костова за бизарниот тренд поради кој девојките одат под нож за да си направат истакнати вилица и брада.

devojki-so-mashka-vilica-nov-bizaren-trend-shto-go-osuduvaat-i-plastichni-hirurzi-video-01_copy.jpg

Трендовите за убавина не само што стануваат сè понереални, туку почнуваат да граничат и со бизарност.

Ова најдобро го покажува чудниот тренд познат како „snatched jawline“.

Станува збор за истакнати вилица и брада кои некои (слабички) девојки ги имаат природно, како Бела Хадид. Но, некои се осмелуваат да одат и под нож за да го добијат посакуваниот изглед. А, резултатите не се секогаш она што го замислиле.

devojki-so-mashka-vilica-nov-bizaren-trend-shto-go-osuduvaat-i-plastichni-hirurzi-video-04.jpg

На социјалните мрежи, особено ТикТок, со хаштагот #snatchedjawline има бројни видеа со трикови кои наводно помагаат да се добие овој изглед, кои вклучуваат вежби за лице, масажи со ролери и слично.

@lauren.erro

Face sculpting & tanning #selftanner #facetanner #facecontouring #tanner #tanskin #selftan #tanface #jawline #snatched #bronze #bronzeglow #glowyskin

♬ original sound - Lauren

Некои промовираат и липосукција, филери и слични процедури со кои наводно се добива новиот тренд.

Сепак, трендот наиде на осуда од многумина, вклучувајќи и пластични хирурзи, кои истакнуваат дека станува збор за минлив тренд за кој подоцна девојките ќе се каат доколку направат пластична операција.

Покрај тоа, секогаш постои ризик девојките да добијат „машки“ брада и вилица.

@commoderyskinco

How many times do we have to keep telling yall how fast it works 😫🙌🏼 #jawlinecheck #facesculpting #facefatloss #jawline #viralvideo #facefat #snatchedface #beautyhacks #girls #fyp #foryou #viral #skintok #beautytok #guasha #facelift #botox #botoxnatural #faceliftnatural #naturalfacelift #plasticsurgery #foryoupage #lipinjections #sharpjawline #snatchedjawline #beauty #skincare #skincare101 #doublechin #fatloss #weightloss #fatlosstips #weightlosscheck

♬ use this if youre gay - alex ♱

Македонската инфлуенсерка Миа Костова на Инстаграм Стори сподели видео од пластичен хирург од Србија кој објаснува што е погрешно со трендот.

„Добро утро! Знаете дека сте многу грди вака, нели? А гледам и кај нас се протнува трендот на квазимода. Не си го правете ова! Кај идете со ова брадуле бре?“, пишува во описот на видеото Миа.

devojki-so-mashka-vilica-nov-bizaren-trend-shto-go-osuduvaat-i-plastichni-hirurzi-video-03.jpg

На објавата на докторот се гледа млада девојка чија вилица има многу остар агол, а брадата ѝ е многу изразена и, генерално, изгледа смешно.

„Ова не треба да го правите. Станува збор за минливи трендови, станува збор за претерана маскулинизација на женските пациенти. Односно правење таканаречени машки вилици и машки бради.

Ме потсетува на овој филтер на ТикТок, се вика gigachad“, вели докторот покажувајќи го филтерот кој се користи за смешни видеа.

devojki-so-mashka-vilica-nov-bizaren-trend-shto-go-osuduvaat-i-plastichni-hirurzi-video-02.jpg

„И уште еднаш нагласувам, ова не е убаво, станува збор само за тренд кој се надевам дека нема да трае долго“, додава тој.

Во коментари, следбениците се согласуваат со докторот:

„Мене не ми е јасно како луѓето кои си го прават ова не гледаат во огледало колку е лошо и грдо“.

„Вистински ужас! Не ги разбирам ни лекарите кои ги прават операциите, а ни пациентите кои го бараат ова“.

„Порано вака ги цртаа карикатурите“.

„Прво мислев ни покажуваш видео од пред операција, а дека потоа ќе ни покажеш како си ја средил девојкава“.

Што мислите вие за чудниот тренд за убавина?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg