Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“?

Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barbie открива дека актерката пиела чај од бел трн кој ја подобрува функцијата на црниот дроб. Како резултат на тоа, кожата на актерката изгледа совршено, исто како на куклата Барби.

chaj-od-bel-trn-kefir-kako-kozhata-na-margo-robi-izgleda-kako-na-barbi-vo-noviot-film-01.jpg

Сигурно сите се согласуваме со ставот дека Марго Роби навистина личи на Барби кукла и со тоа е совршен избор за улогата во најголемиот летен хит – филмот Barbie.

Покрај природната убавина на актерката, нормално, во филмот е искористена и шминка, а овде се и симпатичните аутфити на Барби кои ни будат носталгија.

Но, актерката не се потпирала само на шминка и облека за да го оживее ликот на популарната кукла.

chaj-od-bel-trn-kefir-kako-kozhata-na-margo-robi-izgleda-kako-na-barbi-vo-noviot-film-05.jpg

Таа направила драстични промени во исхраната и рутината за вежбање за што е можно повеќе да го долови совршениот изглед на Барби.

Ако го гледате филмот, ќе забележите дека дури и кожата на актерката изгледа беспрекорно, исто како на Барби, а наводно во голема мера ова не е шминка.

chaj-od-bel-trn-kefir-kako-kozhata-na-margo-robi-izgleda-kako-na-barbi-vo-noviot-film-02.jpg

Јасмина Вико со потекло од Хрватска е експерт за здравје. Таа соработувала со актерите од филмот со цел да им помогне да дојдат до посакуваниот изглед пред снимањето.

Во интервју за Vogue, таа открива како ѝ помогнала на Марго значително да ја подобри состојбата на кожата.

chaj-od-bel-trn-kefir-kako-kozhata-na-margo-robi-izgleda-kako-na-barbi-vo-noviot-film-03.jpg

„Во филмовите најважно е осветлувањето. Тогаш си помислив дека ќе треба да се фокусираме на црниот дроб, да го смириме нервниот систем и да направиме кожата да заблеска.

Но, најмногу се фокусирав на тоа кожата на актерите да блеска однатре“.

chaj-od-bel-trn-kefir-kako-kozhata-na-margo-robi-izgleda-kako-na-barbi-vo-noviot-film-06.jpg

Јасмина вели дека ги натерала актерите да пијат чај од бел трн кој е всушснот популарен на нашите простори.

Според неа, чајот треба да стои во врела вода барем 20 минути и истакнува дека има многу горчлив вкус.

„Белиот трн го чисти црниот дроб. Кога се случува тоа, црниот дроб почнува да лачи повеќе глутатион поради кој кожата станува поблескава.

Црниот дроб сака што било горчливо бидејќи му помага да се исчисти. Овој чај е како магичен напиток!“

chaj-od-bel-trn-kefir-kako-kozhata-na-margo-robi-izgleda-kako-na-barbi-vo-noviot-film-8.jpg

Јасмина вели и дека ги советувала актерите да пијат кефир и козјо млеко.

„Ѝ дадов кефир на Марго и ја советував да јаде скиселена храна, како зелка во пресол. Навистина и се допаѓаа предлозите“.

chaj-od-bel-trn-kefir-kako-kozhata-na-margo-robi-izgleda-kako-na-barbi-vo-noviot-film-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg