Чекор по чекор упатство: Како да ги извадите типсовите од ноктите дома?
Ставете ацетон во сад, кој не мора да биде многу голем, но да ви ги собере барем врвовите на прстите од едната рака. Внимавајте со ова ако имате чувствителна кожа.
Ако ноктите ви се многу изгрицкани, тогаш најверојатно единствената опција за долги нокти ќе ви биде ставање на типсови.
Но, како да ги извадите потоа?
Се разбира, најдобро е да го посетите вашиот техничар за нокти, но ако сакате (или морате) тоа да го направите дома, тогаш ова кратко упатство сигурно ќе ви помогне.
Потребни алатки: ацетон, алатка за поттурнување кутикули и грицкалка.
Кратко упатство чекор по чекор:
Исечете ги типсовите до природната должина на вашиот нокт, во права линија.
Ставете ацетон во сад, кој не мора да биде многу голем, но да ви ги собере барем врвовите на прстите од едната рака. Внимавајте со ова ако имате чувствителна кожа.
(Пожелно е устата и носот да ги покриете со хируршка маска и ова да го правите во просторија што се ветрее заради силниот мирис)
Потопете ги ноктите во ацетонот 20 минути.
Со алатка за поттурнување на кутикули одлепете ги отстрана типсовите. Ако не успевате, оставате ги уште 5 минути во ацетон.
Измијте ги убаво рацете со сапун и вода и нанесете зацврстувач за нокти. Зацврстувач нанесувајте во наредните 2 седмици или додека ноктите сосема не израснат за да се отстрани оштетениот дел.
С. С. | Црнобело