Сезоната на свадби ќе започне многу брзо, а бракот е една од најважните одлуки што ќе ги донесете во животот. Токму затоа, вашата свадба треба да биде уникатна и незаборавна, но тоа нема никаква врска со гламурот и парите што ќе ги потрошите. Љубовта помеѓу вас и вашиот иден/идна сопруг/а е тоа што треба да има централно место на ова случување – најважно е да го прославите вашето заедништво и да отпочнете ново поглавје во вашиот живот во ваш стил. Токму затоа, треба да се ослободите од детали и трендови што не се карактеристични за вас.