Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Невести ги откриваат најспецифичните предбрачни договори кои ги потпишале

Предбрачниот договор не е ретка појава во светот. Тој им овозможува на брачните партнери да обезбедат одредена сигурност, пред да стапат во брак.

nevesti-gi-otkrivaat-najspecifichnite-predbrachni-dogovori-koi-gi-potpishale-01.jpg

Многумина не се ни осмелуваат да речат „да“ пред да го регулираат сето тоа со договор. А, содржината на таквите договори може да биде навистина секаква.

Ова се неколку договори кои невести ги побарале, а нивните сопрузи се согласиле да ги потпишат:

Договор за изневерување

„Моите се разведоа поради неверство. Мразев брак поради тоа. Затоа сакав да направам предбрачен договор со кој ќе се осигурам дека нема да имаме бурен развод во таков случај, за да не ги трауматизираме децата.“

Договор за бременост

„Не сакав деца, но по некое време одлучив дека би сакала да имам со него. Но, морав да го регулирам тоа со потпис на договор - дека можам да дадам отказ додека сум бремена и да не се вработувам додека детето да наполни три години.“

nevesti-gi-otkrivaat-najspecifichnite-predbrachni-dogovori-koi-gi-potpishale-03.jpg

Финансиски договор

„Јасно ми е дека сме брачни партнери, но мораше да регулираме со договор колку секој од нас има право да не сподели во семејниот буџет. Исто така, во случај на развод, сè делиме 50:50, освен секако, личните примања.“

Договор за празници

„Имаме традиционални семејства, па мораше да ги решиме празниците како Нова година, Божиќ и Велигден. Со помош на договор, два празника поминуваме кај едните, два кај другите и следната година ги менуваме.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg