4 работи што секоја идна невеста треба да ги знае пред да бара венчаница
Планирањето на венчавката е во исто време и возбудливо и стресно. Младите, а и нивните блиски, имаат толку работа, а се чини како никогаш да нема да стигнат да го завршат сето тоа организирање.
Но, главниот момент во планирањето е изборот на венчаница. Многу девојки уште пред воопшто да планираат свадба веќе имаат замислено каква венчаница сакаат.
А дури и оние кои не се луди по венчавки, сигурно не можеле да одолеат на многуте идеи на Пинтерест и на епизодите од „Say Yes to the Dress“. Сепак, не е сè така како што изгледа на телевизија.
Идните невести треба да обрнат внимание на следниве нешта:
Изборот може да потрае
Ако отсекогаш сте биле сигурни дека ќе се омажите во прекрасен сирена фустан, може да се случи тој модел да не ви стои и да треба да ги пробате сите други, за да се одлучите.
Не очекувајте дека венчаница може да изберете со влегување во само една продавница, иако многу е веројатно дека на крај ќе се вратите во првата.
Важен е тајмингот
Не можете да почнете да барате венчаница една недела пред свадбата. Треба да ги имате предвид сите фактори, дали е денска, вечерна, формална, традиционална, модерна... Ако шиете кај дизајнер, некогаш може и да бидат потребни 2-3 месеци за да ви ја изработи совршената венчаница.
Затоа, да не претеруваме, но вистинскиот момент да ја почнете потрагата е веднаш по свршувачката.
Бидете подготвени
Ако имате визија каква венчаница сакате, тоа е одличен почеток. Но, дефинирајте и колку пари имате за тоа и дали имате специфична желба за материјали. Не заборавајте и дека ако имате друштво со вас, многу полесно ќе ви биде да го одберете совршениот фустан за вас.
Најважно - забавувајте се
Телевизиските шоуа за едно се во право - можете навистина да се забавувате додека пробувате различни модели и разгледувате материјали и избирате букети. Заборавете дека овој процес е стресен и препуштете се расположени.
Е. Д. | Црнобело