„Видете, имам пари!“ - Нерешителна невеста со 2 свршенички прстени стана мета на критики
„Двата прстени се грди и не треба да носиш ниту еден“, е еден од суровите коментари за оваа невеста.
Една девојка од Велика Британија добила 3 свршенички прстени.
Првиот го добила кога нејзиниот партнер ненадејно ја запросил со прстен од 10 долари, кој го носела 4 месеци.
Потоа, тој одлучил да ѝ купи поубав, па и купил со дијамант, но му се допаѓал уште еден, па го земал и тој.
Неговата свршеница требало да одлучи кој прстен да го носи, а таа била нерешителна, па си ги ставила два свршенички прстени.
Кога прикачила фотографија од своите прстени во една Фејсбук група и ја објаснила ситуацијата била нападната преку коментари.
Еден од коментарите дури гласи: „Двата прстени се грди и не треба да носиш ниту еден“, друг „Ако не можеш да одлучиш кој прстен е подобар, вистинскиот одговор е ниту еден“, трет коментар е „Ова изгледа како јас имам пари, па затоа носам 2 свршенички прстени“.
Што мислите вие за одлуката на оваа невеста?
Тестирајте се Кој свршенички прстен е оригинал, а кој копија?
С. С. | Црнобело