„Сакаш да бидеш невеста?“ - свекрвата се обидела да ја засени невестата на свадбата на синот
Дали сте присуствувале на свадба каде некоја жена со долг бел фустан сака да ја засени невестата? Но, што кога таа жена е мајката на младоженецот?
Мајката на еден младоженец стана мета на критики поради тоа што на свадбата на својот син облекла бел фустан долг до земја.
Фотографите од неа кружат вирално, а луѓето не можат да поверуваат дека не само што избрала да носи бел фустан на свадба, туку и неговиот модел неверојатно потсетувал на оној на невестата.
Избраничката на нејзиниот син сигурно не била воодушевена од стајлингот на својата идна свекрва.
Фотографиите беа споделени во приватна група со описот: „Бев на свадба и мајката на младоженецот беше вака облечена. Што ѝ е?“
Дел од коментарите гласеа: „Колку треба да си луда да се облечеш како невеста на свадбата на својот син?“, „Колку патетичен начин за привлекување на вниманието!“, „Ти си згодна и сè би ти прилегало одлично, зошто таа желба да ја засениш невестата?“...
Што мислите вие за изборот на фустан?
С. С. | Црнобело