5 козметички производи кои им требаат на невестите кои прават свадба во пролет и лето
Идните невести треба да мислат на многу нешта - совршена фризура, најубава венчаница, избирање покани... Листата е бескрајна, но она на кое ретко помислуваат е кои точно козметички производи им се потребни.
Ако свадбата ви е во период кога времето е топло, тогаш сигурно сакате да бидете сигурни дека шминката нема да се стопи на вашето лице, ниту пак дека ќе добиете изгореници од сонцето на кожата.
За да го избегнете сето тоа, потребни ви се следниве производи:
Лесна хидратантна подлога
Избегнувајте ги мрсните подлоги, кои не се впиваат целосно во лицето. Изберете лесна формула или одете на сигурно со хидратантен и витамински серум. Не претерувајте со нанесената количина. Почекајте да се впие и потоа нанесувајте шминка (или проверете дали шминкерот ќе ги примени овие тактики).
Безмасна пудра
Бидете подготвени на тоа дека неколкупати во текот на денот ќе се испотите и лицето ќе почне да ви сјае од маснотии. За да го избегнете тоа, употребете или договорете со шминкерот да ви нанесе безмасна матирачка пудра.
Матирачки спреј
Набавете матирачки спреј за фиксирање на шминката, кој ќе ви помогне да ги избегнете непријатните „пробивања“ на пот и маснотии на лицето.
Хартија за впивање маснотија
Некогаш, колку и да се трудите, по некое време сепак ќе забележите дека кожата ви светка од маснотии. Во овој случај може да помогнат хартивчињата за впивање маснотии, кои можете да ги носите во чантата.
Антиперспирант
Многу невести избираат да носат модел на венчаница без ракави. Потењето и триењето на кожата можат да предизвикаат иритации, па затоа со себе носете мини антиперспирант, по можност стик или рол-он.
Е. Д. | Црнобело