5 работи за кои вреди да дадете повеќе пари на вашата свадба и 5 работи што никој нема да ги забележи
Декорации
Нормално дека ќе сакате целиот настан да изгледа волшебно, но немојте да го потрошите половина буџет за декорации.
Гостите нема ни да ги забележат повеќето ситници во декорот, па не вреди да фрлате пари.
Чоколатца или бонбони за гостите
Иако ова изгледа како убав гест, факт е дека голем дел од гостите дури и ќе ги заборават чоколатцата на маса.
Па, ако сте со поограничен буџет, нема потреба да трошите за ова.
Цвеќе
Ништо не може да ги замени декорациите со цвеќе, но нема потреба да трошите цело богатство за нив.
Цветните аранжамани можат да бидат особено скапи, а факт е дека гостите нема ни да ги забележат.
Скапи покани за свадба
Секако дека ќе сакате убави покани за вашата свадба, само немојте да трошите многу пари за нив, особено не за пликот.
Не заборавајте дека додека некои луѓе ги чуваат поканите, пликот е првото нешто што завршува во корпата за отпадоци.
Минливи трендови кои за вас немаат никакво значење
Како и за сè останато, секоја година се менуваат и трендовите за свадби.
Но, само затоа што нешто е хит, не значи дека мора да биде дел од вашата свадба, особено ако нема никакво сентиментално значење за вас и партнерот.
Покрај тоа, не заборавајте дека трендовите брзо застаруваат, па за некоја година можеби и ќе се покаете што сте дале пари.
Исто така, некои популарни трендови не се ни практични.
Спирова С. | Црнобело