Шминкер од Косово прави магија – Неверојатни трансформации на невести (фото)
Секоја невеста сака да изгледа најубаво на денот на нејзината свадба. Освен венчаницата, мошне се важни и фризурата и шминката. Доказ дека шминката навистина прави чудо се и фотографиите на овие невести што соработувале со шминкерот Арбер Битиќи.
Косовскиот шминкер Арбер Битиќи на својот Инстаграм профил споделува повеќе фотографии од невести што се одлучиле тој да биде одговорен за нивната шминка за време на нивната свадба, а очигледно, ниту една невеста не останала разочарана.
Во едно интервју за Bored Panda, Битиќи истакнал дека сакал да биде шминкер уште додека бил мал, но неговото семејство не го поддржувало во тоа.
Па, затоа прво се стекнал со диплома од областа на економијата, а дури потоа одлучил да го следи сопствениот сон и да се посвети на шминката.
Тој во моментов соработува со околу 1.000 невести годишно, а неговиот Инстаграм профил го следат 420.000 следбеници.
Погледнете ги фотографиите од неверојатните информации во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело