„Тажно е што си морала сама“ - Девојка клекна на колено и го запроси дечкото два дена пред тој да го направи истото
Оваа 24-годишна девојка од Шведска која на ТикТок нагласува дека е феминистка одлучила дека наместо да чека нејзиното момче да ја запроси, може самата да го направи тоа.
Укабед Шејбани (24) го запознала нејзиниот сегашен свршеник Черно Амери во март годинава на Тиндер, но тврди дека веднаш знаела дека „тој е вистинскиот“ и затоа одлучила таа да му предложи да стапат во брак.
На видеото што таа го објави на нејзиниот ТикТок профил се гледа дека двојката навистина е среќна и имаше голем број коментари, а на големо неверување на Укабед голем дел од нив се и негативни.
Според дел од корисниците на ТикТок, Укабед го „засрамила“ своето момче затоа што таа прва предложила брак и дека на тој начин се прикажала себеси како „лесна“ девојка.
Некои одат дотаму што тврдат дека тој не ѝ ги остварил соништата, туку направил таа самата да го направи тоа.
Укабед вели дека не очекувала дека нејзиното предложување брак ќе крене толку голема прашина, затоа што на крајот на краиштата сите живееме во еднакво општество.
Нејзиниот свршеник, пак, тврди дека тој имал намера да ја запроси два дена подоцна, за време на неговата роденденска забава.
„Тоа беше големо изненадување за мене. Не ни замислував дека таа ќе го направи тоа и тоа два дена пред мојот роденден. Многу сум среќен што ме побара за сопруг“ – вели тој.
Но, и покрај негативните коментари, имаше и голем број што беа позитивни, голем број корисници им посакаа среќа, а за изразот на лицето на Черно велат дека се должи на шокот што тој го доживеал.
Погледнете го видеото:
@ukabedsheybani Here comes full version of the proposal ? #fyp #foryou #fördig #viral #proposal #tinder @tinder
-->♬ 'Til Death Do Us Part - Brian Nhira
Б. С. Б. | Црнобело