„Ќе ми ги расипеш свадбените слики со изгледот“ - невеста од кошмарите стана вирален хит
Сè почесто осамнуваат информации за невести со тон барања за нивната свадба. Дали знаете некоја ваква?
Невеста стана мета на критики откако нејзина пријателка јавно ги објави пораките во кои оваа ја терала да ги покрие нејзините тетоважи и да ја промени бојата на косата, затоа што таа ѝ била сина и ќе ѝ ги расипела тематските свадбени фотографии.
Таа ја терала да носи фустан со долги ракави или јакна среде лето за да не ѝ се гледаат тетоважите, плус задолжително да ја бојадиса косата барем со спреј.
Всушност, невестата сакала нејзината гостинка комплетно да го промени изгледот.
Гостинката не сакала да го стори тоа, па била обвинета дека е себична и дека сака да ѝ го уништи големиот ден на невестата и нејзиниот сакан.
Луѓето беа шокирани од оваа преписка и споделија низа негативни коментари на сметка на невестата.
„Не сфаќам зошто луѓето мислат дека „совршениот ден“ е како изгледаат на фотографиите. Зарем совршен ден не е оној исполнет со среќа и љубов?“, беше еден од коментарите. Друг ја советуваше гостинката да ја облече најодвратната јакна што ја има, за инает на невестата. Трет упати апел: „Што се случи со свадбите, нели беа славење на љубовта?“
Дали и вие знаете некоја ваква напорна невеста?
Целосната преписка:
Објавата на разочараната гостинка:
С. С. | Црнобело