„Не знам дали е невкусно или совршено“ - Невестинско боди предизвика бурни реакции

Невеста споделила видео од пробата на нејзиното невестинско боди, а разголеноста предизвика бурни реакции и поделени мислења.

ne-znam-dali-e-nevkusno-ili-sovrsheno-nevestinskoto-bodi-koe-predizvika-burni-reakcii-01.jpg

Идна невеста предизвика поделени мислења на социјалните мрежи со нејзиниот избор за невестинска облека.

За нејзината свадба на плажа таа решила да носи боди со сложен и прекрасен дизајн, но истовремено открива премногу голотија, исто како и костим за капење.

Ден пред големиот ден, таа споделила видео од последната проба, а потоа била споделена во група за исмејување, каде мислењата на жените биле поделени.

ne-znam-dali-e-nevkusno-ili-sovrsheno-nevestinskoto-bodi-koe-predizvika-burni-reakcii-02.jpg

Бодито е прилично кратко, линијата на деколтето е во облик на срце, а на половината има закачено светкав дел кој продолжува како фустан одзади.

ne-znam-dali-e-nevkusno-ili-sovrsheno-nevestinskoto-bodi-koe-predizvika-burni-reakcii-03.jpg

Додека едни го фалат нејзиното тело и прекрасниот дизајн на бодито, други сметаат дека иако свадбата е на плажа, сепак бодито е кратко и непристојно.

Иако многумина ѝ се восхитуваат на самодовербата и храброста, сепак сметаат дека „фустанот“ заслужува големо НЕ.

ne-znam-dali-e-nevkusno-ili-sovrsheno-nevestinsko-bodi-predizvika-burni-reakcii-06.jpg

Што мислите вие за овој невестински аутфит?

ne-znam-dali-e-nevkusno-ili-sovrsheno-nevestinskoto-bodi-koe-predizvika-burni-reakcii-03 (1).jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg