Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали знаете што симболизираат предметите присутни на венчавките во црква?

Понекогаш традициите се прифаќаат без да се прашува што означуваат и од каде точно потекнуваат.

dali-znaete-shto-simboliziraat-predmetite-prisutni-na-venchavkite-vo-crkva-01.jpeg

Кога се во прашање венчавките во православните цркви во Македонија и во регионот, често се гледаат свеќи, бели платна, круни, вино...

Секој од овие предмети има симболика за бракот кој се склучува пред Бога.

Бурма

Разменувањето на прстените симболизира безгранична доверба и препуштање на самиот себе на другиот. Исто така, означува и верност до крајот на животот.

Свеќи

Свеќите кои горат за време на венчавањето означуваат чистина, духовност и небесна светлина. Со помош на свеќите, младите дозволуваат да бидат благословени од Бог.

dali-znaete-shto-simboliziraat-predmetite-prisutni-na-venchavkite-vo-crkva-03.jpg

Бело платно

Обвиткувањето на рацете со бел или друг светол материјал ја симболизираат меѓусебната почит, слогата, верноста и единството на парот.

Венци или круни

Разменувањето на венчињата или круните означуваат дека нововенчаниот пар создава свое мало кралство во кое се почитува Бог и се владее мудро и праведно.

dali-znaete-shto-simboliziraat-predmetite-prisutni-na-venchavkite-vo-crkva-02.jpg

Вино

Во текот на венчавката младите пијат вино, што ја симболизира Исусовата крв. Пиењето од иста чаша означува поделена радост, но и тага, како и животна хармонија. Со тоа што делат вино, младите ветуваат дека ќе делат сè и во бракот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Пар доживеал сообраќајна незгода на свадбениот ден - непријатниот чин го претвориле во кул фотосесиј... Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со н...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg