За сите невести: 8 работи што никогаш не треба да му ги кажете на шминкерот

Како што се наближува вашата свадба, веќе сигурно имате закажано кај шминкер, кој ќе се погрижи за вашиот совршен изглед тој ден.

za-site-nevesti-8-raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-shminkerot-01.jpg 

Но, доколку сакате добро да се согласувате со човекот што ќе ве разубавува, треба да имате на ум дека некои работи можете да ги кажете, а некои не.

Еве неколку работи што е подобро да ги премолчите:

1. „Мојот партнер не сака кога имам кармин на мене.“

Сите мажи мразат некои работи кај девојките, но тоа не значи дека не треба да правите ништо од нив, иако вас ви се допаѓаат. Тоа како ќе изгледате на вашата свадба е ваша ЛИЧНА одлука, а не на вашиот иден сопруг.  Кога ќе се погледнете во огледало, треба да се чувствувате прекрасно.

2. „Ова е мој трет обид.“

Шминкерите имаат различни стилови на шминкање и сите имаат различен став за тоа што значи една невеста да биде убава. Освен овие разлики, за сѐ останато, тие се обидуваат да ги исполнат желбите на невестите и да го употребат својот талент за тоа.

Но, ако одите од шминкер до шминкер и ништо не ви се допаѓа, проблемот е во вас. Сите имаат маани и никој не може да направи магија на вас. Истражете добро, најдете некој добар и доверете му се.

za-site-nevesti-8-raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-shminkerot-006.jpg

3. „Не сакам да закажеме многу рано, затоа што сакам шминката да ми трае цел ден и цела вечер.“

Сите го знаат ова. Шминкерите се дел од тој бизнис со години и јасно им е тоа, не мора да нагласувате. Но, кога закажувате шминка за вас, за вашата мајка, сестра и најдобра пријателка, нормално е дека ќе потрае и треба да се почне порано.

Сепак, тие се свесни за тоа и користат производи со кои шминката ќе трае подолго. Можеби ќе треба повторно да ставите кармин или малку да ја поправите пудрата, бидејќи посебно во летните денови се потите повеќе, но тоа е сѐ. Ништо страшно.

4. „Го мијам лицето само со сапун и не го одржувам.“

Ова дава до знаење дека не сакате да ја чистите редовно шминката навечер, а таа негрижа за кожата, носи до сушење и потемнување на кожата под очите, па шминкерот треба да направи чудо од вашето лице. Ако кожата не ви е негувана со години, ниедна количина на шминка нема да ви помогне.

Ако сте ја запуштиле премногу кожата и му покажувате на шминкерот слика од некоја позната убавица, кажувајќи дека сакате да изледате исто како неа, верувајте дека нема да се случи. Шминката не стои исто на здрава, негувана кожа и на запуштена. Одржувајте го лицето секогаш, не чекајте до последен момент да се случи чудо.

za-site-nevesti-8-raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-shminkerot-004.jpg 

5. „Каков кармин да ставам кога ќе ми се избрише?“

Понекогаш девојките мислат дека шминкерите треба да им ги подарат своите скапо купени кармини, само за тие да имаат со што да ја намачкаат устата, кога ќе им се избрише. Бојата на карминот е тешко да се избере, посебно за ваков настан.

Затоа, тоа треба да е одлучено неколку дена пред свадбата и да биде веќе КУПЕН. Не чекајте до последниот ден за да сфатите дека немате соодветен кармин за замена.

za-site-nevesti-8-raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-shminkerot-04.jpg

6. „Ако не сакам пробна шминка, може ли цената да биде поевтина?“

Не. Не може. Ако подобро се размисли, така дури треба и да биде повисока, бидејќи така и шминкерот и вие ќе чувствувате притисок, со тоа што нема да знаете како ќе изгледате на вашиот ден.

Секогаш треба да имате пробна шминка или барем да се сретнете со шминкерот и да разговарате за тоа како сакате да изгледате, па да видите дали е тоа возможно. Ако не го направите тоа, бидете подготвени на катастрофа за која самите ќе бидете виновни.

7. „Не сакам руменило и сакам природни усни.“

Многу боја и шминка на лицето може да ве заплаши доколку не сте навикнати на тоа во секојдневниот живот. Но, запомнете – ова не е обичен ден од секојдневието. Го облекувате вашето тело во прекрасна долга и впечатлива венчаница, правите гламурозна фризура, ставате круна/венче на главата и на крај излегувате без кармин и руменило.

Голема грешка. Дозволете им на шминкерите да си ја вршат работата, додадете руменило и кармин на вашето лице и нема да погрешите. Крајниот ефект ќе биде одличен.

za-site-nevesti-8-raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-shminkerot-06.jpg

8. „Не сакам вештачки трепки, моите трепки се доволно големи.“

Ова можеби и не е толку страшна изјава и може да помине некако доколку навистина не сакате вештачки трепки. Но сепак, денот е таков и треба да изгледате гламурозно и совршено на свадбените фотографии, а секако и во живо. Освен ако навистина не ви пречат, послушајте го шминкерот, бидејќи со нив ќе изгледате многу повпечатливо.

za-site-nevesti-8-raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-shminkerot-003_copy.jpg

Планирањето свадба може да биде навистина многу стресно, затоа избегнете ги барем овие грешки и ќе бидете на половина пат до прекрасен изглед на денот на свадбата!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg