5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та

Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024 година за оние невести кои сакаат поромантичен и нежен изглед. Кои други невестински маникири ќе бидат хит годинава?

top-5-trendovi-za-nevestinski-nokti-za-svadbi-vo-2024-godina-01.jpg

Кога станува збор за еден од најважните денови во животот, венчавката, тогаш секој сака да биде среден „од глава до пети“. Покрај сите други подготовки (кои не се малку!), еден детаљ кој сепак е важен се и вашите нокти.

Ако планирате оваа година да стапнете пред олтарот, тогаш имајте на ум дека класичниот невестински маникир, минималистичките дизајни и отстапувањето од преголемите декорации се вистинскиот избор за вас.

Бидете нежни и надополнете го својот невестински стил, без да бидете премногу екстравагантни. Главниот фокус нека ви биде на подобрување на природната убавина.

Пет невестински маникири кои ќе бидат хит годинава:

Природни „голи“ нокти

Овој стил е целосно приспособлив и ви дава одличен изглед кој може да го усогласите со каков било невестински фустан.

Нијансите како нежна беж, румена или многу бледорозова ќе ви одговараат одлично, а притоа ќе му дозволат на вашиот прстен да блесне во сиот сјај.

Овие нијанси ќе бидат тренд оваа 2024 година поради нивната елегантна едноставност.

top-5-trendovi-za-nevestinski-nokti-za-svadbi-vo-2024-godina-02.jpg

Светло розови нокти

Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024 година за оние невести кои сакаат поромантичен и нежен изглед.

top-5-trendovi-za-nevestinski-nokti-za-svadbi-vo-2024-godina-03.jpg

Класичен француски маникир

Иако класичниот француски маникир никогаш не исчезна од изборот на невестите, оваа 2024 година овој дизајн повторно е актуелен.

Може да го постигнете ова со избирање на чиста неутрална или розова основа, надополнета со бели врвови. Имате опции да изберете во согласност со вашата свадбена декорација и стилот на венчаницата.

top-5-trendovi-za-nevestinski-nokti-za-svadbi-vo-2024-godina-04.jpg

Едноставни, природни нокти

Ако сте тип личност која не сака лак за нокти, тогаш за свадбата во 2024 година може да се потпрете на овој тренд. Овие нокти се проѕирни и даваат свеж и чист изглед.

За целосен добар ефект, клучно е да ги одржувате вашите нокти во добра состојба, па редовно користете масла за кутикулите и редовно употребувајте крем за раце.

top-5-trendovi-za-nevestinski-nokti-za-svadbi-vo-2024-godina-05.jpg

Нокти со бисери

Сè додека не претерате со бисерите и ги одржувате минимални, украсите ќе ви дадат одличен изглед на најважниот ден од вашиот живот.

Може да ги украсите врвовите или да ставите бисери на одредени нокти – сè додека се држите до минималното, ќе го постигнете посакуваниот ефект.

top-5-trendovi-za-nevestinski-nokti-za-svadbi-vo-2024-godina-06.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg