5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот?
На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе трае 10 дена, односно до 17-ти јануари. Како изгледа венчавката на синот на најбогатиот султан на светот?
Принцот Абдул Матин од Брунеи (32), синот на најбогатиот султан на светот, Хасанал Болкиах, се ожени со убавицата со хрватски корени, Аниша Иса Калебиќ (29).
Двојката соопшти дека се верила во ноември минатата година.
Kралската венчавка започна на 7-ми јануари и ќе трае цели 10 дена, односно до 17-ти.
Пред да се ожени, Абдул ја носеше титулата најпосакуван азиски ерген, а неговото богатство се проценува на околу 20 милијарди долари.
На вечна љубов парот се заколна во џамијата Султан Омар Али Саифудиен на 10 јануари и тогаш бракот бил формализиран.
На таа церемонија присуствувале само мажи.
Принцот бил облечен во традиционална униформа и капа.
По завршувањето на церемонијата принцот се поклонил и му оддал почит на својот татко.
Аниша, пак, носела црвена венчаница со златни детали, а на главата имала висока руна во златно-жолта боја со прекрасни изрезбани детали.
Во идентична комбинација, пред точно 10 години се омажила принцезата Фаџила, постара сестра на принцот Матин.
Големата свадбена церемонија се одржала на 14-ти јануари во палатата Истан Нурул Иман.
Помеѓу 5.000-те гости на венчавката присуствувале и членови на кралското семејство од Саудиска Арабија и Јордан, како и индонезискиот претседател Џоко Видода и филипинската лидерка Фернина Маркос Џуниор.
Парот првпат се појавил во јавност возејќи се со Rolls-Royce низ главниот град Бандар Сери Бегаван и поздравувајќи ги насобраните луѓе.