5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот?
Првите фотографии од свадбената церемонија принцот ги сподели на својот Инстаграм профил.
Принцот Матин е десеттото дете на султанот од Брунеи кој најдолго се задржа на тронот и е еден од најбогатите.
Тој не е директен наследник на тронот, но е многу популарен и активен на социјалните мрежи: на Инстаграм има 2,5 милиони следбеници и уште повеќе на ТикТок.
Студирал на Кралскиот колеџ во Лондон каде се стекнал со диплома по меѓународна политика, а моментално е пилот на хеликоптер во воздухопловните сили на Брунеи со чин мајор.
Принцот е и активен спортист - играл поло за репрезентацијата на Брунеи, обожава скијање, падобранство, нуркање и голф.
Аниша детството го поминала во Англија, каде што се школувала.
Дипломирала на Универзитетот во Бат, по што започнала свој моден бренд.
Таа денес е сопственик на компанија за производство на свила, а поседува и туристичка агенција.
Аниша е внука на еден од советниците на султанот од Брунеи, а нејзиниот брат Даниал е еден од најдобрите пријатели на принцот Абдул.
Ивица, таткото на Аниша, е роден во Загреб, но неговите корени се од Шолта и островот Чиово.
Откако се вери со принцот, Аниша ги избриша сите профили на социјалните мрежи.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм