Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор
Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа да одберете венчаница која најмногу би ви одговарала.
Секоја невеста е во потрага по совршен невестински фустан во кој ќе се чувствува како вистинска принцеза за нејзиниот посебен ден.
Но сепак има мали трикови на кои многу треба да внимавате доколку сакате да изгледате совршено.
При изборот на венчаница треба да имате на ум и каква форма на телото имате:
Дамите на кои колковите и рамената им се приближно иста ширина, а имаат тенка половина најдобро е да се одлучат за венчаница која ќе ги истакне облините.
За овие дами се препорачува венчаница која би го истакнала горниот дел од телото, а би го оттргнала вниманието од колковите, односно венчаница во стилот на принцеза одлично би одговарала, но ако сакате да ги истакнете колковите, тогаш одберете го фустанот со крој на сирена.
Доколку обликот на телото е во облик на круша, односно колковите ви се пошироки од градите и рамената, најдобрата опција е фустан во А-крој.
Овој вид на венчаница е сличен на оној во стилот нa принцеза, но ќе биде потесен во горниот дел, а малку ќе се прошири од половината надолу.
Ваквиот тип на венчаница им одговара на повеќето дами и може да се каже дека изборот најчесто паѓа на неа.
Можете да додадете ракави, но одлична опција е и горниот дел да биде корсет.
Ако имате пошироки раменици и потесни колкови избегнувајте фустани без прерамки.
Во овој случај најдобро е да изберете венчаница со V-деколте или со ниско спуштени прерамки.
Дамите кои имаат подефинирано торзо и раменици и потесни колкови често имаат истакнат стомак.
Во овој случај треба да внимавате да не погрешите па целиот акцент да падне на стомакот.
Одберете венчаница на која долниот дел ќе и започнува од под градите или и во овој случај можете да се одлучите за корсет кој ќе создаде илузија за понагласен струк.
За дамите со помали гради и тесни колкови, најдобра опција е венчаница која ќе создаде илузија на облини.
Совети плус од Вера Ванг за совршен невестински фустан:
Вера Ванг е маестро за венчаници, а на својот голем ден фустан со потпис на познатата дизајнерка носеа многу јавни личности.
Во една прилика за списанието Grazia, Вера на невестите им даде совети како да ја изберат нивната совршена венчаница.
„При изборот на деколте, невестата треба да ги земе предвид нејзината тежина, висина, структура на коските и возраст.
Доколку невестата е пониска, треба да избере помало деколте бидејќи длабокото деколте ќе ја „смалува“, а и постарите невести треба да изберат помало деколте за да не ја преминат линијата на добриот вкус.
Венчаниците во сирена стил јасно ги следат контурите на телото и се идеални за попладне или вечер. Прилегаат на повеќето жени, од ниски до повисоки, издолжувајќи ја нивната фигура и нагласувајќи ги облините.
Претеран акцент на горниот дел од венчаницата во пределот на градите секогаш изгледа вештачки“ – нагласува Вера.
„Масивните здолништа со многу платно даваат гламурозен и величествен впечаток и може да дадат изглед на тесен струк и поголема висина. Но, ситните невести треба да внимаваат на овој крој за да не ги „изеде“ венчаницата.
Изберете обична, мазна долна облека со минимални детали. Дури и ако имате чисто бела венчаница, нема да погрешите ако изберете долна облека со боја на кожа, па дури и за нијанса потемна“, советува Вера Ванг.
В. К. | Црнобело