Како да се справите со несаканите родителски совети од другите?

Отворено кажете им на пријателите и семејството дека не сакате да ви даваат совети доколку не ги прашате, а кога можете, игнорирајте ги – како да се справите со несаканите родителски совети?

kako-da-se-spravite-so-nesakanite-roditelski-soveti-od-drugite-01.jpg

Без разлика што можеби ви мислат најдобро, веројатно нема да се чувствувате добро ако другите постојано ве бомбардираат со совети за грижа за вашето бебе кога не сте го побарале тоа.

Како родител, вие знаете што е најдобро за вашето дете и сигурно ве иритира кога другите постојано „ви солат памет“.

Важно е да знаете дека никогаш нема да ги избегнете овие несакани совети, но затоа можете да направите стратегија за да се справите со нив.

Како да се справите со несаканите родителски совети од другите?

Разговарајте со партнерот уште пред да се роди детето

И вие и партнерот ќе добивате несакани совети од другите, па важно е да разговарате за овој проблем.

Дискутирајте за вашите ставови и мислења во врска со овие совети и како би сакале да реагирате - дали ќе ги споделувате еден со друг, дали некогаш ќе ги слушате...

Разговарајте со пријателите и семејството

Можеби овој разговор ќе биде непријатен, но ќе ви помогне да ги избегнете конфликтите во иднина.

Кажете им на пријателите и семејството дека доколку сакате совет, ќе ги прашате.

kako-da-se-spravite-so-nesakanite-roditelski-soveti-od-drugite-06.jpg

Кога можете, игнорирајте ги советите

Без разлика колку ве иритираат советите што не сте ги побарале, некогаш пробајте да ги игнорирате.

Само насмевнете се и променете ја темата на разговор.

Смислете стратегија за „бегање“

Некогаш луѓето нема да запрат со само еден совет и може да ви зборуваат неколку минути за тоа како треба да се грижите за вашето бебе.

Во ваквите ситуации, слободно излажете дека сте зафатени, дека брзате некаде или нешто слично.

Бидете директни

Некогаш е во ред да бидете и малку дрски ако соговорникот не сфаќа дека треба да престане.

Заблагодарете му се за советот, но речете му дека ќе се грижите за вашето дете според ваши правила.

kako-da-se-spravite-so-nesakanite-roditelski-soveti-od-drugite-03.jpg

Заштитете се со партнерот

Веројатно со партнерот (ќе) споделувате кога ќе добиете несакан совет, а ова може да ви го расипе расположението и на двајцата.

Па, можете да направите договор да не ги споделувате несаканите совети што сте ги добиле.

Нормално, не секогаш, но ако забележите дека партнерот не е во добро расположение, премолчете го непријатното искуство.

Не се расправајте со партнерот

Некогаш и несаканите совети може да се покажат како корисни, но не почнувајте караници со партнерот за дали да ги пробате.

Споделете со него што сте слушнале, но немојте да инсистирате да го примените советот ако тој не сака.

Пробајте да направите компромис бидејќи покрај целиот стрес од родителството, сигурно не ви требаат и караници во домот.

kako-da-se-spravite-so-nesakanite-roditelski-soveti-od-drugite-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Знаци дека кон сопругот се однесувате како мајка, а не како сопруга (и како тоа се одразува врз инти... Се враќате од работа, трчате со полни торби за да зготвите и да исчистите, а соп...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Психолошки трикови што може да ви ја спасат врската или бракот (низ илустрации) Не го обвинувајте партнерот и не избрзувајте со заклучоци. Кога се расправате, р...
Игра за креативен развој на децата: Како да им направите сенки со рацете? Како да направите зајак? Или куче? Со овие туторијали лесно ќе научите како да н...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg