Кои земји нудат најубави услови за воспитување деца?

На врвот на листата на најдобрите земји за одгледување дете секогаш во водство се скандинавските земји. Зошто е тоа така?

koi-zemji-nudat-najubavi-uslovi-za-vospituvanje-deca-01.jpg

Магазинот Ceoworld направи листа со земји кои се најдобри за воспитување деца.

Истражувачите на магазинот анализирале и споредиле 159 земји, земајќи предвид 12 клучни фактори како јавниот образовен систем, родовата еднаквост, здравство, породилно отсуство за двајцата родители, цени, човекови права и недостиг на сиромаштија.

Според овие параметри, веројатно и самите претпоставувате дека во првите пет доминираат скандинавски земји.

Петте земји кои нудат најубави услови за воспитување деца, според анализата:

Шведска

Шведска е земјата каде што има највисоки стандарди за безбедност на деца и е најдобра во здравствена и образовна инфраструктура.

Во 1979 година, Шведска забрани удирање деца, и дома и на училиште – и беше прва земја во светот што го направи тоа.

Сето ова, и бројни други фактори, ја прават Шведска најдобрата земја за воспитување деца според анализата.

koi-zemji-nudat-najubavi-uslovi-za-vospituvanje-deca-02.jpg

Данска

Данска се истакнува со законите за заштита и безбедност на деца, како и добрата здравствена и образовна инфраструктура.

Можеби Данците плаќаат високи даноци, но за возврат добиваат систем кој функционира и кој значително им го подобрува животот, особено кога имаат деца.

koi-zemji-nudat-najubavi-uslovi-za-vospituvanje-deca-03.jpg

Норвешка

Норвежаните обезбедуваат совршен екосистем за целокупниот раст на децата во најсреќна околина.

Еколошки средини, чист воздух, рециклирање отпад, што повеќе прошетки на свеж воздух, иако се смета за една од најстудените земји во Европа.

koi-zemji-nudat-najubavi-uslovi-za-vospituvanje-deca-04.jpg

Холандија

Холандија е најпозната по семејните вредности и слободата, a има највисок еколошки рејтинг заедно со високи стандарди за заштита и безбедност на децата.

Холандија ги има и едни од најдобрите системи за образование и здравство.

koi-zemji-nudat-najubavi-uslovi-za-vospituvanje-deca-05.jpg

Канада

Канаѓаните обезбедуваат одлична инфраструктура за воспитување деца. Кога станува збор за законите, земјата има еден од најстрогите закони за заштита на децата.

koi-zemji-nudat-najubavi-uslovi-za-vospituvanje-deca-06.jpg

Неминовно е дека самите држави се оние кои треба да застанат позади родителите и правата на децата. Иднината на светот е во младината, па така заштитата, безбедноста и правилниот развој се она кое гарантира здрави заедници и успешни држави.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg