Монтесори за родители: Како да му помогнете на вашето дете да стане независно од најрана возраст?
На 1 година децата можат да почнат да вежбаат да се хранат сами со лажица, на година и 2 месеци да ги мијат рацете, а на година и пол и да се облекуваат сами. Кои Монтесори практики можете да ги воведете за да го научите вашето дете да биде независно уште од мали нозе?
Родителите стануваат се повеќе заинтересирани за училиштата Монтесори за нивните деца, но ако не можете да си дозволите да го пратите вашето дете во такво училиште, можете да воведете некои Монтесори практики и дома.
Монтесори има за цел да го научи вашето дете на независност.
Одличната работа е што малите деца се толку желни да учат и да ги прават работите сами, па затоа дозволувајќи му на вашето дете да стане понезависно, може да откриете дека борбите за моќ и бесните моменти почнуваат да се намалуваат.
Тоа е затоа што кога вашето дете ги прави работите само и на начин кој е најлесен за него и чувствува поголема контрола над она што се случува наоколу.
Монтесори ја промовира независноста од раното детство со задачи соодветни на возраста, на пример:
5 месеци: Истражување на предметите во домот со раце и тело;
10 месеци: Истражување на надворешното опкружување;
12 месеци: Вежбаат да се хранат со лажица;
14 месеци: Вежбање миење раце;
18 месеци: Вежбаат да се облекуваат сами;
24 месеци: Помагаат при миење зеленчук и овошје;
2-1/2 години: Помагаат во наводнување на растенијата;
3-4 години: Помагаат да се постави масата.
Во продолжение се неколку начини кои ќе ви помогнат да го научите вашето дете како да биде понезависно.
Следете ги овие совети и дозволете му на вашето дете да прерасне во независна и самоуверена личност.
Дајте им повеќе опции
Очигледно не доаѓа предвид да побарате од вашето дете од предучилишна возраст да направи некои задачи, но дозволете му да избере што верува дека може да го направи без ваша помош.
Кога вашето дете ќе стигне до градинка, тоа ќе може да прави повеќе работи самостојно, а додавањето задачи на списокот ќе му помогне да се чувствува како да расте и да ги развива своите способности.
Започнете со полесни задачи: Како да се облекуваат сами, да си ги четкаат забите или сами да се подготвуваат за спиење.
Ова ќе им овозможи сами да го контролираат она што го прават, но и да добијат шанса да направат нешто за себе барем еднаш дневно.
Дајте им време
Погрижете се да му дадете доволно време на вашето дете да ги извршува задачите што одбрало да ги прави само.
Ако на вашето дете му требаат 20 минути да се облече, тогаш дајте му 20 минути.
Кажете им дека треба да бидат облечени до одредено време во спротивно ќе мора да им помогнете.
Ако сфатат дека временскиот рок им ја одзема независноста, можеби ќе бидат повеќе фокусирани и всушност ќе го следат временскиот рок.
Додека чекате да се облечат, дозволете им да имаат простор и да го користат своето време без да стоите над нив.
Научете ги
Како што вашето дете ќе почне да ги извршува своите задачи, ќе може да преземе повеќе одговорности.
Дозволете им сами да го исчистат нередот, да го наместат креветот и други задачи во кои можеби не сте им верувале на почетокот.
Но, научете ги како правилно да ги прават овие работи.
Ако го истурат овошјето од чинијата, покажете им како да го соберат, а ако не ја завршат добро работата, покажете им како да се подобрат без да ги критикувате.
Прославете ја нивната независност
Штом вашето дете ќе почне да прави различни задачи самостојно, ќе се гордее со себе.
Кажете им дека направиле добра работа наместо да им укажете дека ја облекле блузата обратно.
Можете да му помогнете на вашето дете да ја поправи својата грешка ако сакате, но сите сме биле таму, па еден ден носење блуза на обратната страна навистина навистина не е голем проблем.
M. Г. | Црнобело