Моќна вирална објава: „Мајките не смеат да се жалат, па кој ги натера да имаат деца?“
Според општеството мајките не смеат:
Да се жалат – па кој ги натера да имаат деца?
Да плачат – зошто плачеш, па мислеше дека ќе биде лесно?
Да кажат дека се уморни – па, од што си уморна?
Да спијат – Ти си мрзелива!
Да се одмораат – Па, ќе имаш време за тоа кога децата ќе пораснат!
Да затруднат повторно – Луда ли си, колку деца сакаш да имаш?
Да ја напуштат работата – Па, како ќе го издржуваш детето?
Да работат – Па, кој ќе ти го расте детето?
Да ангажираат дадилка – Не дозволувај други да ти ги растат децата!
Да бидат домаќинки – Сирот сопруг, работи толку многу, а жена му си седи дома...
Да бидат сингл – Никој не сака жена со деца!
Да излегуваат во град – Зошто го оставаш детето со баба му за ти да си шеташ?
И знаете што е најлошо?
90% од овие фрази се кажани од други жени.
Да научиме да си бидеме поддршка една на друга. Сите ние сме човечки суштества, си ги сакаме децата, но и во ред е да одвоиме и време за нас и нашите желби, потреби и соништа.
Извор / фото: depositphotos.com