7 лаги кои е во ред да му ги кажете на вашето дете (за полесен живот)
„Твоето уметничко дело е фантастично“ – важно е да му оддадете признание за вложениот труд, без разлика колку е лош крајниот резултат, ќе биде инспирирано од комплиментите и ќе се подобри со време.
Доктор Алисон Меклимонт е детски психолог кој вели дека сосема во ред е да му кажувате некои мали лаги на вашето дете за негово и свое добро, секако зависно од ситуација и начинот кој вие го избирате за воспитување.
Се согласувате ли со ова?
Листа на „корисни“ лаги за вашето дете:
„Твоето уметничко дело е фантастично“ – важно е да му оддадете признание за вложениот труд, без разлика колку е лош крајниот резултат, ќе биде инспирирано од комплиментите и ќе се подобри со време.
„И јас ќе си легнам сега“ – одењето во кревет често е проблематично, па за да избегнете хаос и да го охрабрите да си легне, во ред е да му кажете на детето дека и вие ќе спиете, тоа не е свесно дека на возрасните луѓе им е потребно помалку сон, отколку на децата.
„Сè што учиш на училиште е важно“ – добро знаете дека тие историски факти нема да му користат никогаш, но мора да го охрабрувате на овој начин за да ја гради својата посветеност и да се труди да ги добие најдобрите можно оцени.
„Оваа торта има лош вкус, сигурно сакаш?“ – со претставувањето дека нездравите работи имаат лош вкус, вашето дете ќе го туркате кон тоа да избира поздрави опции.
„Автомобилот нема да може да запали, сè додека сите не стават појаси“ – вака го учите детето дека безбедноста е важна и иако со мала лага, вие правите спонтано ставањето на појасот да му стане навика.
„Можеш да успееш да го оствариш секој свој сон“ – ова не е реалистично, но е добро за да го инспирирате детето да вложува труд и напор во работите кои ги сака, на овој начин промовирате самодоверба, упорност и издржливост.
„Ако не ги четкаш забите, ќе ти паднат“ – звучи екстремно, но мора да постои доза страв за да му формирате цврста навика за редовно миење на забите.
С. С. | Црнобело