10 работи кои не треба да му ги наметнувате на вашето дете (и зошто)
Да спие само во кревет ако не е подготвено
Децата ги прифаќаат промените дури кога самите ќе се почувствуваат дека се подготвени за тоа. Затоа потребно е да им дадете време и сами да побараат приватност и самостојност, а не да им ја наметнувате.
Да се дружи со деца коишто не му се допаѓаат
Дури и ако вие сте најдобри пријатели со родителите, тоа не значи дека децата треба добро да се согласуваат.
Вашето дете има право самото да одлучи кои деца му се допаѓаат, а кои не и да избере со кои деца сака да се дружи.
Да држи диета
Некои деца се полнички, но нема потреба да им поставувате ограничувања во храната. Единствено што можете да направите е да почнете да избирате здрава храна и да подготвувате поздрави оброци па преку сопствениот пример да го научите детето на пзодрава исхрана.
Ако немате фиока со слатки и грицки, а ладилникот ви е полн со овошје и зеленчук, никогаш нема да мора да го ставите детето на диета.
Да мора да продолжи со активностите што ги почнало
Децата почнуваат да одат на некоја активност затоа што таму одат нивните другарчиња од градинката или од училиштето, но по некое време сакаат да се откажат.
Иако можеби ви се чини дека ако им дозволите да се откажат им давате неубава порака дека е во ред да се откажуваат, но не е така.
Запомнете, детето исто како вас, има право да проба дали нешто му се допаѓа пред да донесе конечна одлука дали ќе продолжи да се занимава со таа активност.
Да спие некаде ако не сака
Ако вашето дете е од оние деца што не сакаат да спијат на други места, па дури и кај баба му и кај дедо му, нема потреба да го терате сосила.
Ако сакате слободен ден, подобро е да им кажете на баба му и на дедо му да дојдат кај вас и да го чуваат, отколку детето со сила да го терате да спие таму каде што не сака.
Б. С. Б. | Црнобело