Список на облека што навистина ќе ви треба во првите месеци од раѓањето на вашето бебе

Веќе сте на прагот од раѓањето на вашето бебе и почнавте со купување облека? Што навистина ви е неопходно да купите?

spisok-na-obleka-shto-navistina-kje-vi-treba-vo-prvite-meseci-od-ragjanjeto-na-vasheto-bebe-01.jpg

Честопати мајките имаат желба да купат сè што ќе видат, но, колку работи навистина ви се потребни за првите месеци?

Сите искусни мајки ќе ви кажат дека за почеток е доволно да ги имате само најнеопходните работи за вашето новороденче, дека нема потреба да купувате премногу облека и потребно е она што ќе го набавите да биде согласно сезоната.

Не планирајте за 6 месеци однапред бидејќи вашето бебе допрва ќе се развива, па така може да се доведете во ситуација летните фустанчиња или кратки пантолони на вашето бебе да му бидат точни дури во зимскиот период и обратно, па на крајот ќе треба да останат неискористени во вашиот гардеробер, а непотребно сте се изложиле на трошоци.

kolku-alista-vi-se-navistina-potrebni-vo-prvite-meseci-od-ragjanjeto-na-vaseto-bebe-03.jpg.jpg

Во продолжение проследете список на најнеопходни работи што би било добро да ги имате во првите месеци по раѓањето на бебето:

1. Комплет за излегување од болница (пожелно е да содржи капче и ракавици) и најубаво е да го купите во величина за 1+ месеци, за да не му биде мало;

2. 8-10 пара бодиња со долги или кратки ракави (зависно од сезоната);

3. 5-8 пара шпилхозни – по можност со копчиња во целост, за полесно пресоблекување на вашето бебе;

4. 3-4 шпилхозни-пижами;

Kolku-alista-vi-se-navistina-potrebni-vo-prvite-meseci-od-ragjanjeto-na-vaseto-bebe-02.png

5. Неколку пара ракавици (кои е пожелно да ги носи првите 2 месеци додека сè уште се регулира терморегулацијата на рацете, како и за заштита од гребење по лицето);

6. Неколку пара чорапчиња (дебелината зависи од сезоната);

7. 2-3 капчиња или комплет сет со капа, ракавици и шал доколку е зима;

8. 5-6 бодиња со кратки ракави;

Kolku-alista-vi-se-navistina-potrebni-vo-prvite-meseci-od-ragjanjeto-na-vaseto-bebe-03.jpg

9. 2 постелнини со оградица;

10. 2 пешкира за бањање;

11. Вреќа за спиење (доколку вашето бебе е родено во зима);

12. Тетра пелени или прекривка од муслин (доколку вашето бебе е родено во лето);

13. Прекривка за во количка/ транспортер.

kolku-alista-vi-se-navistina-potrebni-vo-prvite-meseci-od-ragjanjeto-na-vaseto-bebe-04.jpg.jpg

Секако оваа листа нека ви биде само водич во вашиот шопинг.

На крајот од денот вие најдобро ќе знаете што е она што ви е потребно во првиот и најубав период – раѓањето на вашето бебе.

М.У.Т. | Црнобело

фото: freepik.com/ depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg